Предности на утринското сонце за вашето здравје

Дали некогаш сте се запрашале колку утринското сонце може да влијае на целиот ваш живот, здравје и ум? Постојат низа работи што треба да се одржат за да се чувствувате добро – квалитетна исхрана, слаб стрес, добар сон.

Д-р Ендру Хуберман од Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд вели дека одговорот на тоа како се чувствуваме може да го најдеме точно во тоа што правите кога ќе се разбудите. Во својот подкаст, д-р Хуберман истакнува дека она што го правите кога сте будни одредува кога ќе заспиете, колку брзо ќе заспиете, дали ќе имате добар сон и како ќе се чувствувате кога ќе се разбудите.

Клучот за сето тоа лежи токму во она што го правите првиот час откако ќе се разбудите. Изложувањето на сонце наутро е поврзано со пораст и пад на кортизол и мелатонин, и токму тоа ви овозможува да се чувствувате добро цел ден додека се движите и ги извршувате своите должности поврзани со вежбање, работа, врски, додека хормонот мелатонин одлучува кога да се чувствувате поспано.

Исто така, кортизолот наутро носи позитивни придобивки како намалување на крвниот притисок до подобрување на менталното здравје. Ако времето е идеално, потребни се само 30 до 60 секунди за да се изложите на светлина и правилно да го поставите ритамот на кортизол и мелатонин.

Прочитајте и: 6 сигурни знаци дека ви треба одмор!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.