Вака се храни најпривлечната жена на светот: Оливија Кулпо има тело од соништата благодарение на ова мени!

Топ-форма

За добра линија не е потребно големо ограничување на исхраната

Поранешната мисица Оливија Кулпо привлекува големо внимание со својот изглед, како кај мажите така и кај жените. Нејзината совршена фигура е сон на многу дами, а таа ни открива како ја одржува формата толку добра.

https://www.instagram.com/p/CD4lqOQH3Pb/

Вели дека генетиката не е заслужна за нејзиниот изглед, туку исклучиво правилната и избалансирана исхрана. Никогаш не држела диета, ниту била гладна, но внимателно го планира своето мени, особено пред важни професионални ангажмани.

Тие денови пие многу вода, а на минимум ги сведува газираните пијалаци, како и алкохолот.

https://www.instagram.com/p/CD6gU-fBRjJ/

„Се придржувам до правилото 80/20, а во текот на карантинот тоа беше 40/60. Настојувам сè да биде во рамнотежа“, открила таа.

Тоа значи дека во текот на денот ќе изеде 80% здрави намирници, додека оние 20% се резервирани за по некој десерт или чаша сок. Кога се храните вака, не се откажувате од ништо, а не постои шанса да се здебелите.

Таа се обидува исхраната да ја базира на влакна и на протеини.

https://www.instagram.com/p/CD2pYBHHitl/

Вака изгледа нејзиното мени во текот на еден ден:

  • Појадок: Кафе и потпечено лепче со авокадо или кајгана и потпечено лепче
  • Ужина: Едно овошје
  • Ручек: Пилешка салата
  • Ужина: Јаткасти плодови или кашест сок
  • Вечера: Месо или риба и зеленчук или порција сладолед
Проверена модна комбинација: Во оваа облека ќе изгледате барем 5 килограми послабо!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.