Мафини со боровинки од три состојки: Немаат ни ронка брашно, а вкусот е совршен!

Совршен десерт

Ви носиме рецепт кој ќе ве остави без здив

Состојки:
  • 4-5 банани
  • 180 г путер од кикирики
  • 150 г боровинки
Приготвување:
  • Во голем сад здробете ги бананите со виљушка. Колку се позрели бананите толку повкусни и послатки ќе бидат колачињата.
  • Во здробените банани додајте путер од кикирики. Наместо кикирики можете да користите и путер од бадеми, лешници и слично.
  • Во смесата додајте боровинки и добро измешајте.
  • Ставете ја смесата во калап за печење мафини, па печете 18-20 минути на 180 степени Целзиусови.
  • Оладете ги мафините пред послужување.
Десерт што не дебелее: Здрави мафини од 3 состојки готови за 12 минути!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.