Аронија: Бобинка за здравје што треба да ја вклучите во менито

Неверојатни придобивки

Аронија е листопадна грмушка со потекло од Северна Америка, и иако многу е позната за нејзините ефекти врз телото, ова растение сè уште е целосно неистражено. Има малку калории и маснотии – 100 грама свежа аронија содржи околу 50 калории. Овие бобинки се богати со витамини, минерали, растителни влакна и антиоксидантни флавоноиди како што се каротин, лутеин и зеаксантин.

Ја подобрува циркулацијата и ги зајакнува крвните садови

Бобинки од аронија го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Тие исто така спречуваат појава на дијабетес и други кардиоваскуларни заболувања. Аронија одржува нормален крвен притисок, а сокот или чај од аронија се препорачува за лица кои имаат проблеми со крвниот притисок. Исто така, има позитивен ефект врз третманот на анемија.

Ги штити очите

Големото количество на каротин содржано во бобинки од аронија спречува оштетување на очите и можноста од катаракта.

Нега на кожа

Антиоксидансите во аронијата ќе го спречат појавувањето на брчки, пеги, флеки и лузни и ќе ѝ помогнат на вашата кожа да ја одржи виталноста и младоста.

Диета

Аронијата помага во регулирање на телесната тежина. Го спречува формирањето на вишок маснотии околу абдоменот, што е проблем со кој редовно се соочуваат многу луѓе. Познато е дека има мал број калории и маснотии, а содржи и диетални влакна, што ја прави еден од најздравите плодови од ваков вид.

Настинки

Редовното консумирање на аронија исто така има позитивен ефект врз имунитетниот систем и може да спречи појава на вируси и бактерии во организмот. Традиционално се користи од Индијанците за лекување на настинки, а неодамнешните истражувања потврдуваат антивирусни својства, како и висока содржина на витамин Ц.

Прочитајте и: Докажано најлековитото овошје: Лекува сè – од дијабетес до кардиоваскуларни заболувања!

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.