Асел Суеид е бодибилдер и фитнес-гуру, кој редовно експериментира со различни диети и физички исцрпувачки режими за фитнес на некои од најспособните спортисти во светот.
View this post on Instagram
Досега ги испроба фитнес-рутините на легендата на НБА, Леброн Џејмс и фудбалерот Лионел Меси.
Во своето последно видео, Суеид го испробува „воркохоличниот“ распоред на тренинзи што го практикува португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо за да ги има мускулите, но и физичката подготвеност по кои е познат.
Неговиот тренинг е комбинација на вежби за сила (вкупно 10 различни вежби) со сесии HIIT вежби, пишува Men’s Health. Задникот, нозете и стомакот се само некои делови од телото покриени со овој брутален тренинг, а на видеото можете да видите дали овој јутјубер успеа да го издржи докрај.
Видео: Youtube