4 вежби за горниот дел на грбот кои ќе го подобрат вашето држење на телото

Исправете го лошото држење на телото со соодветни вежби за горниот дел од грбот.

Ако работите седејќи, тогаш многу добро знаете што значи болка во горниот дел на грбот, но и колку е важен грбот за држењето на телото. Покрај оваа задача, грбот носи и други задачи како што се одржување на силата и извршување на дневни активности – со леснотија или малку потешко.

Како и секој друг дел од телото, важно е правилно да се третира грбот, да се одржува рамнотежа при вршење на разни активности и да се избегнуваат повреди. Потрудете се да ги зајакнете мускулите на горниот дел од грбот (секој од овие мускули има своја различна функција) да ви помогне да стоите исправено и правилно, но исто така и да спречите болка во долниот и горниот дел од грбот, како и лошо држење на телото.

Избравме вежби со кои можете да постигнете правилно држење на телото, што е исклучително важно за вашето тело, но и за грбот.

Супермен вежба

Вежбата е одлична за горниот дел од грбот бидејќи помага да се загреете и да се подготвите за секаков вид кревање тешка тежина. Супермен вежбата ги активира сите внатрешни мускули на горниот дел од грбот и спречува повреди при изведување големи преоптоварувања.

Вежба со лента

Со помош на лентата ќе постигнете исправено држење на телото – рамената, рацете, стомакот, грбот.

Pull-up (подигнување)

Вежба која бара силни раце, а во исто време ќе ги зајакне рамената и ќе ви помогне да ги одржувате телото и грбот исправени.

Кревање тегови со една рака

Бидејќи работите само со едната рака, едната страна на грбот е исто така преоптеретена. Задолжително држете го грбот исправен.

Прочитајте и: Дали приватните и семејните врски влијаат на вашата физичка активност?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.