Светот во 2024-та: Ги избираме само најдобрите технологии за нашите купувачи, како што би избрале и за нашите семејства

Непоколебливи во мисијата за еколошка револуција

Со Илија Андреевски, основач и сопственик на ECOTIP, за годишникот на престижниот Економист разговаравме за зелената револуција како една од перспективите за 2024 година.

ECOTIP Скопје веќе 25 години расте како современа општествено одговорна компанија – лидер во делот на процесите на филтрација на воздух и течности, како и трансмисија и трансмисиони елементи.

Основната дејност на компанијата покрај филтрацијата на воздух и течности ги опфаќа и процесниот инженеринг, индустријата на масла и мазива, безбедност при работа, индустријата на метали, производството на еколошки средства, проекти за обновливи извори на енергија и многу други сегменти во повеќе индустрии.

Застапник е на светски брендови како Pall, Aquaporin, Trina Solar, Waterlogic, Solis, Enphase, Blueair итн.

Илија Андреевски, основач и сопственик на ECOTIP

ECOTIP во 2023 го прослави својот 25-годишен јубилеј, раскажете ни за движечката сила зад вашата мисија за одржливост?

Го прославивме нашиот 25-годишен јубилеј со мотото: „Нема да сопреме додека не направиме разлика. Наша цел е одржлива иднина на нашата планета“. Зелената револуција е повеќе од изјава; таа претставува посветеност на трансформативна промена за одржлива иднина. Интегрираме најнова технологија со глобална перспектива, обезбедувајќи врвен квалитет, издржливост, ефикасност и нешто што е многу важно – надеж.

Иновацијата, во контекст на нашата мисија за одржливост, има цел да биде во функција на заштита и чување на вредните водни ресурси на нашата планета, обезбедување на чист воздух за сите, обновлива енергија и одговорни еколошки практики. Имајќи ги предвид амбициозните цели кои си ги поставивме, соработуваме исклучиво со водечки високо-технолошки компании, искористувајќи го нивното искуство за нашите решенија за одржливост.

Овие партнерства ни овозможуваат ефективно да се справиме со глобалните предизвици, создавајќи технологии доволно издржливи дури и за вселенски мисии. По 25 години раст, развој, успеси и иновации, горд сум што можам да кажам дека напредната природа на нашите решенија ги задоволува најстрогите барања за квалитет.

ECOTIP ја препозна потребата од партнерства со највисоко-технолошките компании за да се етаблира како лидер во еко-револуцијата. Како висококвалитетните иновативни технолошки решенија се важни за одржлива иднина?

Советот за човекови права на Обединетите нации го изгласа пристапот до чиста, здрава и одржлива животна средина за универзално човеково право, а сепак состојбата се влошува секој ден.

Околу 75% од површината на Земјата е покриена со вода, а од тоа само помалку од 0.9% е вода за пиење.

Да не одиме подалеку од дома, од 280 сончеви денови годишно, ние искористуваме само 1% од сончевата енергија.

Токму затоа во нашата потрага по зелена револуција, ние во ECOTIP одбиваме просечност и половични мерки.

Нашата цел е да обезбедиме најдобра технологија за нашите клиенти, слично на она што би избрале за нашите семејства.

Нашата технологија за филтрирање на вода слободна од PFAS ја потенцира нашата посветеност кон решавање на глобалните проблеми со квалитетот на водата за пиење.

Нашите прочистувачи на воздух, ефикасни во филтрирањето на ултрафини честички, се клучни во борбата против загадувањето на воздухот. Нашите фотоволтаични централи претставуваат врв во технологијата за најефикасно искористување на обновливите извори.

Бевме доволно храбри да го квантифицираме влијанието на ECOTIP во последните 25 години.

Преку сончевата енергија, намаливме емисии на CO2 еквивалентни на 540 стадиони.

Го прочистивме воздухот еднакво како што би го прочистиле 120.000 дрвја или шума на површина голема колку Виена.

Филтриравме течности еквивалентни на волуменот на Охридско Езеро.

Ние не нудиме само производи; ние ги менуваме навиките кон одржлив, поздрав свет.

Какви се плановите на ECOTIP за 2024 година и каде ја гледате перспективата за успехот во зелената трансформација?

Светот не само во 2024 година туку и во деценијата што доаѓа ќе се фокусира на изнаоѓање одржливи решенија.

Разбирливо дека ECOTIP не само што учествува во зелената револуција туку активно ја предводи. Нашата стратегија вклучува употреба на најсовремена технологија и ангажирање на најискусните и најзначајните експерти – кои предводат широка транзиција кон еколошки одржливи практики и политики во различни сектори.

Нашето влијание не е ограничено на една регија напротив присутни сме во целиот регион, како и неколку земји во Европа, Африка и Азија. Градиме партнерства со лидерите во индустријата, промовирајќи одржливи технологии и практики кои имаат потенцијал целосно да ги револуционализираат индустриите.

Нашата амбиција е смела: да катализираме длабока и трајна еколошка трансформација, поставувајќи нови стандарди за одржливост и иновации.

Текст: Економист – Светот во 2024-та

Фото: приватна архива

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.