Радован Витошевиќ: „Успеавме да направиме мобилни апликации кои се најсовремени на пазарот“

Со регионалниот директор за јужен Балкан на myWorld, разговаравме за прогнозите и за предизвиците со кои ќе се соочи компанијата во нивата година.

„МАЈВОРЛД МАКЕДОНИЈА е дел од групацијата на myWorld International, која оперира со најголемата и водечката лојална програма во светот“, вели г. Витошевиќ во почетокот на интервјуто за Економист: Светот во 2022-та.

Радован Витошевиќ, регионален директор за јужен Балкан на myWorld

Компанијата нуди бенефиции за купувачи, продавачи, но и за даватели на услуги. Групацијата брои повеќе од 15 милиони корисници и над 150 илјади партнери со 400.000 кешбек-локации на повеќе од 50 пазари. Канцелариите на myWorld International се лоцирани во финансискиот округ во Лондон, Велика Британија.

Славиме 10 години од постоење на пазарот и навистина сум горд за резултатите што ги постигнавме низ годините. Ние сме пионери во лојалти и кешбек-индустијата и воопшто не беше лесно да го трасираме патот за идните бизниси. Нашето портфолио во Македонија брои илјадници фирми со кои секојдневно соработуваме и стотици илјади корисници што ги користат нашите услуги.

Групацијата трпеше доста промени низ годините во структурата, менаџментот, брендовите и слично, но суштината е дека сега сме присутни со еден и единствен бренд, а тоа е myWorld.com и продолжуваме да градиме силен екосистем околу овој бренд.

Успеавме да направиме мобилни апликации што се најсовремени на пазарот – myWorld Benefits за корисниците и myWorld Partner за партнерите.

Како лидери во браншата, нашата онлајн-продавница бележи годишни продажби на ваучери за попуст во повеќе милиони евра со што сме можеби и најголем поединечен субјект помеѓу ecommerce-платформите во државата.

Која беше вашата стратегија за позиционирање на пазарот, и како успеавте сето тоа да го реализирате?

Во иницијалната фаза, се соочувавме со правното поставување на компанијата и усогласување со институциите и регулативата во Македонија. Бевме новитет на пазарот во повеќе индустрии како што се: продажба и откуп на ваучери наголемо, воведување на кешбек-системи кај партнерите, адаптирање на систем за препорака на клиенти.

Македонија е земја каде што нашата компанија – МАЈВОРЛД МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ е целосно усогласена по сите регулативи и закони, правни и финансиски. Откако успешно ја завршивме првата фаза и се усогласивме според државните регулативи, следниот чекор беше пронаоѓање на правите луѓе и градење на тимот, затоа што бевме свесни дека без квалитетен и мотивиран тим нема да можеме да градиме инфраструктура на бизнисот.

Успеавме да изградиме три фундаментални столбови. Првиот столб се нашите членови кои секојдневно ги користат нашите услуги. Вториот столб се фирмите што ја користат нашата партнерска програма, и ги одобруваат предностите на нашите членови. Нашата секојдневна задача е да ги спојуваме овие две страни и да креираме т.н. Win-Win ситуација, каде што секоја страна добива.

Третиот наш столб е силниот маркетинг и продажба, кој е изграден во соработка со маркетинг-агенцијата Lyconet.

Милувам да кажам:

Среќен е оној човек што ќе пронајде луѓе кои се подобри од него”, а таква е мојата ситуација. Опкружен сум со високо мотивирани, лојални и компетентни луѓе!

Денес, најмногу сум горд на прекрасниот тим кој го имаме, како во канцеларија така и на терен. Без нив не би била компанијата толку успешна. Нашето мото е „заедно сме силни“ и сите цврсто веруваме во тоа!

Сега, кога би можеле да предвидиме, согласно ситуацијата во светот по корона, кога светот и општеството се во голема криза, како вие гледате на 2022 година, и со кои предизвици ќе се соочите?

Предизвиците во микроразвојот се поврзани со економскиот екосистем во државата. Доколку домашните и странските компании имаат можности да спроведат иновации и развој во стопанството, тогаш ќе имаме и ние подобар развој во 2022 година. Македонија е доста побавна во овој дел за разлика од земјите кон кои тежнееме.

Одличен пример на земја од која можеме многу да учиме и копираме е Естонија, која административно е расположена да поддржува странски инвестиции и нови бизнис-модели. Кај нас сè уште претстои долг пат кон достигнување на таа цел!

Сметам дека и понатаму ќе се создава филтрација кај бизнисите и притисок за подигнување на квалитетот на услугите. Секој кој нема со високо поставени стандарди да ја води компанијата и да понуди нешто поразлично, нема да преживее во долг рок.

Целта е да се креира повисока конкуренција на пазарот, и да се шират бизнисите. Нашата цел во 2022 година е да го подигнеме квалитетот на портфолио. Тоа значи дека ќе соработуваме само со квалитетни и солвентни фирми, макар тоа значело преполовување на нашето портфолио.

Работиме на подигнување на квалитетот во давање на услугите и понатамошно издвојување од каква било конкуренција.

Очекувам зголемување на онлајн-трговијата за производите и услугите што ги нудиме. Освен што сме агрегатор како лојална програма за претпријатија, исто така сме и т.н. affiliate партнер за онлајн-трговците. Тоа значи дека не само офлајн, но и онлајн фирмите можат да продаваат преку нашата платформа и да се здобијат со нови купувачи.

Ние сме компанија што успешно успеа да се справи со пандемијата кога таа влијаеше врз намалување на буквално сите бизниси од реалниот сектор. Успеавме да го издржиме силниот бран на кризата и се осигуривме да не се доведеме во ситуација да станеме товар за државата.

Со цел нашите бизниси да ги следат светските економски трендови, од особено значење се привлекување на светските PSP-провајдери, креирање на професионални логистички фирми за достава, олеснување на девизниот режим, олеснување на увозот и извозот на роба, либерализација на платните системи, како и тргување со криптовалути.

Вие сте регионален директор за јужен Балкан, како пристапувате во поставување на бизнисот на другите соседни пазари?

Во секоја земја, предизвик е да се постави инфраструктурата на бизнисот. Најпрво бараме претприемачи што сакаат да ни се приклучат да градат бизнис со нас, а потоа со нивна помош креираме еден баланс од членови и трговски партнери.

Од едната страна имаме трговци што бараат повеќе купувачи, а од другата страна им ги сервираме купувачите на трговците со тоа што одобруваат бенефиции за нив. Со тоа креираме Win-Win ситуација и една континуирана спрега.

Овој систем на поставување на три фундаментални столбови: маркетари, членови и трговци, го реплицираме во секоја нова држава без разликите во културата и менталитетот во земјите каде што работиме. Горд сум што сме повторно пионери во лојалти индустријата и на други соседни пазари, каде што поставуваме нови стандарди на работа.

Една компанија не е парче хартија што го чуваме во фиоката, туку самите луѓе ја креираат компанијата. Нашето средство, во кое инвестираме со години што ни дава конкурентска предност, е флотата на лидери кои ги има нашиот систем изградено и сѐ уште ги гради. Располагаме со огромен тим претприемачи, кои се веќе докажани професионалци на светските пазари. Со спремни сили ја развивме најпрво Бугарија, а потоа започнавме на ист начин и Албанија и Косово, и доста ефикасно.

Нашиот успех од Македонија, започнавме да го реплицираме и во регионот. Многу сум среќен што успеавме на нашите луѓе да им овозможиме развој на меѓународен бизнис, да излезат надвор преку градење на мрежа на купувачи. Особено сум горд што можеме да и придонесеме на македонската економија уште повеќе.

Нашите претприемачи продажните активности ги вршат низ целиот регион, а провизиите за продажба ги исплаќаме локално, со што и персоналните даноци ги плаќаме во Македонија, кон нашата држава на што сме особено горди.

Што можат вашите клиенти и корисници да очекуваат од МАЈВОРЛД МАКЕДОНИЈА во 2022 година?

Проширувањето на нашиот екосистем е наш приотет. Сакаме на клиентите да им овозможиме поголем спектар на производи и услуги кои можат да ги добијат преку myWorld-платформата. Нашиот екосистем се состои од повеќе компании и брендови, како што се: @mediaBox, travelWorld.com, myWorld.com, OneSense, marketplace.myworld.com, 360 Lab, mediaWorld, Child and Family Foundation, Greenfinity Foundation, и Lyconet како надворешен соработник.

За сите овие нишки да функционираат во еден екосистем, новитет во 2022 година ќе биде аплицирање на технологијата Artificial Intelligence (AI), каде што нашите тимови за развој веќе подготвуваат уникатно искуство за нашите членови и партнери.

Во првиот квартал на 2022 година, ќе ја подобриме функционалноста и атрактивноста на шопинг поените (SP) во програмата за уште полесно и поуникатно искуство со нас..

Нашата мобилна апликација myWorld Benefits, која речиси секоја година се здобива со награди и признанија, очекуваме да добие нов и помодерен изглед, како и посовремена функционалност. Нашиот IT-тим и тимот за развивање на продуктите што се сочинети од повеќе стотици луѓе во Австрија и Англија, без престан работат на подобрување на алатките кои се наменети за клиентите.

Како водечка платформа за бенефиции, кешбек и продажба на ваучери во Македонија, очекуваме раст, како и задржување на врвот како една од најсилните компании во дигиталниот свет и онлајн-продажбата. Се надвеам дека во 2022 година, освен Бугарија, Албанија и Косово, уште една нова држава ќе влезе под раководството на myWorld Македонија.

 

myWorld International Limited       

Седиште: Лондон

Отворени пазари: 54

Локации: 57

Вработени: 1.000

myWorld Bnefit Program

Членови: 15 милиони

Партнери: 150.000

Прифатни места: 400.000

Достапност: 54 земји

Доколку сакате да го набавите годишното издание на престижниот „Економист“, кое четврти пат излезе на македонски јазик под ексклузивна лиценца на „Колор медија плус“, кликнете ТУКА (или побарајте го на сите поголеми продажни места низ државата).

Текст и фото: Економист: Светот во 2022-та

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.