Венчавка во шума и невеста каква што светот не видел досега: Социјалните мрежи горат поради свадбата на оваа украинска снајперистка

Погледнете!

Позната украинска снајперистка се омажила во шума и привлекла големо внимание. Таа е вистинска жена воин, носела и пушка на својата венчавка

Украинската снајперистка Евгенија Емералд се омажила, а церемонијата на венчавката привлекла големо внимание, со оглед на тоа што била одржана среде шума.

Имено, Евгенија се заколнала на вечна љубов и покрај воените околности и состојбата што е актуелна во нејзината земја. Церемонијата била проткаена со воени мотиви, вклучувајќи го костимот на младоженецот, како и пушката што ја носела Евгенија.

„Денес официјално станав сопруга на воено лице. Тоа се случи на првата линија на фронтот, а генералот на Вооружените сили на Украина нè фотографираше. Не можам да си замислам посовршена венчавка!“, напишала Евгенија Емералд на Инстаграм.

Инаку, нејзиниот избраник Евгениј Стипањук е воено лице, а служи во редовите на Вооружените сили на Украина.

Тие се запознале по почетокот на „специјална воена операција“, па веднаш се засакале и запловиле во љубовна врска. Младата снајперистка во август објавила вест дека таа и нејзиниот сакан се свршиле.

Кодното име што Евгенија го има исто така е многу интересно и ја прави вистинска жена борец – на украинската војска ѝ е позната како Јованка Орлеанка.

Свршеникот ја оставил пред олтарот: Одлучила да не ја откаже венчавката и ги свртела работите во своја корист!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.