Еве зошто Бруклин Бекам го зел презимето на својата сопруга!

Неверојатно!

Дали е возможно тоа што младиот Бруклин Бекам нашол девојка од семејство кое е четири пати побогато од неговото?

Младата двојка Бруклин и Никола се венчаа во саботата, а венчавката се одржа на имотот на семејството на невестата Пелц. Странските медиуми наведуваат дека Бруклин го зел презимето на својата сопруга и отсега ќе го користи како свое средно име.

Се зборува дека на тој начин ѝ оддава признание на својата сопруга. Ова е гест без преседан на јавната сцена и затоа привлече многу внимание.

Но дали е реално тоа што младиот Бекам нашол девојка од семејство кое дури четири пати побогато од неговото?

Венчавката била полна со познати личности, бидејќи сите сакале да дојдат на најпопуларната венчавка во 2022 година.

Предбрачен договор

Бруклин и Никола потпишале предбрачен договор, но не само за да се заштити богатството на славниот фудбалер. Богатството на Дејвид и Викторија Бекам е проценето на околу 380 милиони фунти, но богатството на семејството Пелц е проценето на 4 пати поголема цифра.

Која е снаата на Бекамови?

Никола има 27 години и потекнува од богато семејство. Нејзиниот татко Нелсон Пелц е американски финансиер, чие богатство според Форбс се проценува на 1,7 милијарди фунти.

Нелсон постепено ја развивал својата кариера. Најпрво работел како возач за достава за фамилијарната компанија A. Peltz&Sons, која се занимавала со дистрибуција на храна, а потоа самиот тој основал компанија за замрзната храна. Вложувал и во многу други компании.

Исто така, основач е на Trian Fund Management, заедно со Peter W. May и Edward P. Garden. Станува збор за алтернативен фонд за управување со инвестиции, со седиште во Њујорк. Има куќи во Палм Бич на Флорида и во Њујорк, а во брак е со Клаудија, мајка ѝ на Никола. Претходно, Нелсон бил три пати во брак.

Клаудија Пелц е поранешна манекенка, а Никола често објавува фотографии со својата мајка на социјалните мрежи.

Бруклин Бекам го зграпчи задникот на својата невеста: Оваа е фотографијата што ги преплави медиумите (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.