Доналд и Меланија Трамп ја прославија 16-годишнината од бракот: Еве ги деталите за нивната „свадба на векот“ (ФОТО)

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија  на 22 јануари ја прославија 16-годишнината од бракот, а за венчавката која ја одржале во 2005-та година потрошиле над милион долари.

Тогаш изгледало дека успешниот претприемач навистина сака да го прослави тој голем ден раскошно.

Словенската манекенка Меланија Кнаус ја запросил со 12-каратен смарагден прстен, кој чинел околу 1,5 милиони долари, па поради тоа не мислел да штеди ниту на свеченоста за венчавката.

Тој исто така сакал венчавката да ја пренесува и на телевизија ширум светот. Сепак, Меланија се спротиставила на тоа, па така Доналд се откажал од таа идеја.

Пред олтарот застанале на 22 јануари 2005-та година на Флорида во Палм Бич, а Меланија подоцна раскажувала дека сама ја организирала церемонијата затоа што нејзиниот иден сопруг во тоа време бил зафатен со играњето голф, па не можел да посвети внимание на нивниот голем ден.

Сè сама оранизирав. Се погрижив сè да биде на свое место“, изјавила Меланија во интервју за People по венчавката.

Нивните гости престојувале во хотел што Трамп им го платил, вклучувајќи и спа-третмани за секој поединечно.

Меланија носела спектакуларна венчаница со потпис од „Диор“, која била изработена од 91 метар свила и била тешка околу 25 килограми.

На неа потрошила околу 148.000 долари, а се појавила и на насловната страница на магазинот „Вог“. Наместо бидермаер, таа во рацете држела круна украсена со бели ружи.

Дворецот во кој што се одржувала церемонијата бил украсен со 10.000 ружи и орхидеи, а сè било уредено во луксузен стил. Семејството Трамп се погрижило и тортата да изгледа спектакуларно. Имала седум „катови“ и била висока 1 метар и половина, а чинела околу 50.0000 долари.

Фото: Инстаграм, Getty Images
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.