Совети како да го научите детето да ги извршува своите обврски редовно и – навреме!

Полека и постепено

Да се научи детето како да воспостави одреден ред и ритам во животот, а притоа да ги извршува своите обврски редовно и навреме – не е тешко. Еве неколку совети.

Работните навики почнуваат многу рано да се стекнуваат, а детето се учи на многу начини. Во семејствата во кои детето од првите дни се навикнува на одреден ред (установено време за јадење, спиење, шетање и сл.) – поретко се јавува тој проблем.

Исто така, детето кое знае кога одат на работа неговите родители и кога се враќаат дома – работната обврска ќе ја сфати како нешто нормално, кое не е претешко.

Полека и постепено

Детето од мало треба да знае чии се обврските, што треба веднаш да се заврши, а што може да се одложи. Веќе на две години треба да учествува во собирањето играчки. Во тоа треба да се истрае бидејќи подоцна, кога ќе наполни 4-5 години ќе стане исклучиво негова обврска.

Исто така, можете да го научите само да го мести креветот, а потоа и собата. Запомнете: најдобар пат за стекнување работни навики е воведување нови обврски.

Обврски на првачето

Кога детето ќе тргне на училиште, обврските му се зголемуваат. Многу е важно времето на приспособување на новите обврски, па во тоа треба да му помогнете. Самото одење на училиште во строго одредено време и долготрајниот престој во затворен простор со задолжителна дисциплина ќе бидат тешки за детето.

Настојувајте секогаш да се одмори по наставата – оставете го да се одмори или да си поигра надвор, а може да се занимава и со некои физички активности или да се дружи со врсниците.

Никогаш немојте да го терате по враќањето од училиште веднаш да ги заврши задачите, а ако само посака да го направи тоа – не го спречувајте.

Сепак, најверојатно ќе биде премногу уморно за нив.  Два часа се сосема доволни да се одмори од наставата, а потоа нека ја напише домашната задача, самостојно или со ваша помош.

Кога детето ќе ги прифати новите обврски и ќе ги постигне првите успеси, вашата помош ќе му биде помалку потребна, па доволно ќе биде само да му ги контролирате домашните задачи.

Ваша „десна рака“

Нема дете што барем еднаш не побарало од мајка си нешто да замеси, да зготви или да ѝ помогне во домашните задачи. Повеќето мајки веднаш го забрануваат тоа, бидејќи сметаат дека детето само ќе им пречи во кујната.

Меѓутоа ваквиот потег е погрешен. На децата одвреме навреме треба да им се дозволи да помогнат така што сами ќе направат салата или ќе изматат јајца, без разлика на хаосот што можеби ќе го остават во кујната. Така ќе се почувствуваат важни и ќе стекнат самодоверба, а притоа ќе научат и сами да си приготват оброк.

Затоа, подгответе се за мал хаос во кујната, бидејќи подоцна ќе ви биде многу полесно.

Не зборувајте на детски јазик!

Постојат илјадници начини да му ја покажете својата љубов на детето, но не и со зборување како што зборува тоа. Доколку му се обраќате на бебешки јазик, тоа нема да научи правилно да зборува и потешко ќе го совлада јазикот.

Слушајќи ве, детето усвојува поголем фонд зборови и ја сфаќа нивната смисла. Ако не научи да зборува правилно, ќе губи многу време и трпение во коригирање на погрешно научените зборови наместо да усвојува нови.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Getty Images, Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.