Масажа со медицински теглички го снижува притисокот

Збор-два за овие теглички

Медицинските теглички (т.н. баночки или банки) се ефикасни во случај на хипертензија, прочитајте како да ги применувате правилно.

Тегличките се навистина индицирани при висок притисок, а во Русија ги препорачуваат и лекари. Инаку, банките се купуваат во аптеки и функционираат на принципот на вакуум.

Треба да се држат на пределот на вратот и околувратникот додека се појават модринки (најмногу десет минути), а потоа да се поместуваат (за примената на медицинските теглички детално пишувавме во еден од броевите на „Руски доктор“).

Претходно треба да ја намачкате кожата со масло за масажа или со маслиново масло. Пожелно е тегличките да ги ставите по должината на ’рбетот и на пределот на крстот и задникот. Процедурата треба да се прави еднаш на два-три дена или како што ќе спласнуваат модринките.

Тегличките можете да ги користите како брза помош, но и на подолго време, заради превенција.

Како да правите масажа: Ставете тегличка (најдобро силиконска) на кожа изобилно намачкана со масло и влечете ја од долниот раб на зоната на околувратникот кон горе. Прво третирајте ја едната страна, потоа другата – чувството на болка ќе биде подносливо. Процедурата трае додека се создадат модринки на рамената и на вратот. Курата спроведувајте ја како што е наведено горе.

Збор-два за овие теглички

Комплетот тегли се користат во случај на настинка, воспаление на белите дробови, бронхитис и други болести. Комплетно го заменува лекувањето со антибиотици – овој метод се применува на поликлиниките во цела Русија. Во руските аптеки може да се купат теглички направени од полимер, со специјални глави или силикон. Само притиснете ги и создајте вакуум.

Текст: Тимофеј Јурјевич Кармацких, невролог и висцерален терапевт, Москва

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.