Проверете ја состојбата на своето здравје без излегување од дома!

6 тестови за здравјето

Во случај на какви било вознемирувачки симптоми, побарајте стручна помош!

Овие едноставни тестови ќе ви помогнат подобро да го разберете својот организам и да не ги пропуштите првите знаци на застој во неговата работа.

  1. МОЗОЧЕН УДАР И ДЕМЕНЦИЈА

Стоејќи, подигнете ја едната нога виткајќи ја што повеќе во коленото. Забележете колку успевате да се задржите во таа положба. Доколку е тоа повеќе од 20 секунди, најверојатно нема оштетување на малите крвни садови на големиот мозок. Значи, мозочен удар и рана деменција не ви се закануваат.

  1. АНЕМИЈА

Повлечете го долниот капак и погледнете ја бојата на внатрешниот дел. Бледорозова или жолтеникава нијанса може да укажуваат на анемија (внатрешниот капак кај здравиот човек има светлорозова боја). Ако, покрај тоа, кај себе сте забележале бледило, замор, задишаност – треба да направите анализа на крвта на железото.

  1. БОЛЕСТИ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ И НА СРЦЕТО

Искачете десет скали со средно темпо, разговарајќи на телефон или пеејќи (најважно е да не молчите).

Доколку притоа ви снема здив или се задишете, тогаш тоа навестува дека белите дробови и срцето не можат да се изборат со оптоварување. Време е за испитување!

  1. СЛУХ

Направете тест во тивка соба. Затворете го едното уво, а покрај другото протријте ги прстите еден со друг. Слушате ли звук? Потоа оддалечете ја раката околу 15 см од увото. Дали и сега слушате звук?

Доколку слушате, слухот ви е во ред. Повторете го тоа и со другото уво.

  1. ДИЈАБЕТЕС

Најдобро е овој тест да го правите со помошник. Нека го допира вашето стапало де со тапиот де со остриот крај на молив. Не гледајќи, потрудете се да кажете со кој раб ве допрел. Ако не можете да разликувате, тоа покажува оштетување на нервите поради дијабетес.

 

  1. КАРПАЛЕН СИНДРОМ

Карпалниот тунел се наоѓа во рачниот зглоб, низ него поминуваат нерви и поради прекумерна работа на компјутер може да дојде до проблем (трпнење на прстите, губење на осетот во дланката…).

Свиткајте ги рацете во лактите и притиснете ги на градите со дланките кон себе. Испружете ги прстите од себе, спрема коренот на дланката (извијте ја дланката). Задржете се во таа положба минута-две.

Доколку се појави болка или прободување, значи дека ткива ви го притискаат нервус медијанус, а тоа укажува на синдром на карпален канал. Ако не се лекува навреме, болката ќе се засили, а малата моторика ќе се влоши.

Извор: „Руски доктор“

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.