Симболизираат радост и благосостојба: 5 најубави кратки имиња за девојчиња со моќно значење!

Ве инспирираме

Ако на вашето дете сакате да му дадете необично и моќно име што ќе го обележи неговиот живот, еве малку инспирација

Веќе неколку години наназад, помеѓу родителите владее трендот на своите деца да им даваат кратки имиња. Лесно се изговараат, интернационални се, а со себе носат посебни значења. Ако одберете некое од овие имиња за вашето дете, во животот ќе го следат снага и убави работи.

Ви предлагаме список од петте најпопуларни моментално…

Гала

Гала е името на една од христијанските светителки, а исто така, значењето на овој збор се врзува со слава и раскош, но како етимолошки збор води потекло од стара придавка што значи „црна, темна“.

Нева

Во духот на нашиот јазик, зборот Нева е изведен од глаголот „венее“, па на ова име со додавање на префиксот „не“, има значење „онаа која е вечно млада, никогаш не венее“ и е симбол на младешката убавина.

Ана

Ана дефинитивно е едно од најпопуларните светски имиња, кое е интернационално во вистинска смисла на зборот, а припаѓа во групата имиња со библиско потекло. Со ова име се поврзуваат добрината, милосрдноста, светлината и безвременоста. Постои верување според кое сите девојчиња со ова име ќе бидат посебни, убави и паметни.

Уна

Уна е збор со италијанско потекло, кој значи една, единствена, неповторлива.

Ива

Многумина потеклото на ова име го поврзуваат со името на дрвото жална врба, но исто така, се смета и за скратена верзија од името Ивана. Ова име се поврзува и со англискиот збор „evy“, како дар од бога.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.