Домашен колач страчатела: Лесен и пенест, навистина посебен десерт!

Летна кујна

Десерт во кој ќе ужива целото семејство

Состојки:

За бисквитот

  • 8 белки
  • 8 лажици кристален шеќер
  • 8 лажици брашно
  • половина прашок за печиво
  • 1 ванилин шеќер
  • 300 мл мелко за прелив на бисквитите

За филот

  • 500 мл млеко
  • 200 г чоколадо
  • 1 шлаг-крем од ванила
  • 8 жолчки
  • 100 г кристален шеќер
  • 8 лажици ладна вода
  • 2 кесички желатин
  • 500 мл слатка павлака
Приготвување:

Почнуваме со приготвување на бисквитот. Изматете ги во цврст снег белките, кристалниот и ванилиниот шеќер. Додајте брашно во кое претходно сте ставиле половина прашок за печиво, па продолжите со бавно матење додека сето тоа убаво се соедини. Изматената смеса сипете ја во плех или во калап, печете ја на 180 степени, 20 до 25 минути.

Непосредно по печењето, прелејте го бисквитот со врело млеко и ставете фолија одозгора. Пред самото приготвување на филот, активирајте го желатинот, така што во него ќе додадете 8 лажици ладна вода, промешајте и оставете да реагира.

Потоа добро изматете ги жолчките со шеќерот, додајте и 500 мл врело млеко, така жолчките термички ќе се обработат. Потоа, додајте го активираниот желатин и сето тоа добро измешајте го и оставете го на собна температура, еден-два часа.

Кога ќе помине тоа време, во смесата додајте 500 мл слатка павлака и шлаг-крем од ванила. Сето тоа добро изматете го и додајте иситнето чоколадо, па продолжете со матење додека добиете компактна смеса.

Прелејте го тој фил врз бисквитот, оставете го така два часа и потоа декорирајте го по желба и послужете го. Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.