Шокантна изјава на популарната актерска двојка: Ретко користат сапун кога ги бањаат децата

А и ретко ги бањаат... изгледа!

Мила Кунис (37) и Ештон Кучер (43) ја шокираа јавноста зборувајќи за хигиенските навики во нивното семејство. Имено, популарните актери признаа дека ги бањаат ќерката Вајат (6) и синот Димитри (4) само кога изгледаат валкани, а не секој ден каков што е случајот со многу родители.

Причината е за да избегнат да користат сапун на телата на нивните деца. Па така, како што открија, дури и кога ќе одлучат да ги бањаат децата, речиси и да не користат сапун затоа што не сакаат да им се исуши кожата.
Познатата актерска двојка говореше за сопствените шокантни хигиенски навики во поткастот Armchair Expert на Дакс Шепард и Моника Падман.

 

Двојката отиде уште подалеку и откри дека дури и тие двајцата мошне ретко користат сапун освен под пазувите и на интимните делови од телото.

Мила појасни дека како дете многу ретко се бањала затоа што воопшто и немале вода во домот во Украина.

Немавме топла вода додека растев, па затоа и не се туширав многу. И кога децата ми беа мали, не ги бањав секој ден. Не сум од оние родители што ги бањаат новороденчињата секој ден“ – рече таа.

Mila-Kunis-i-Eshton-Kucher-decata-gi-banjame-samo-koga-se-valkani-a-sapun-ne-koristime-03.jpg

Нејзиниот сопруг сакаше да ги појасни нивните хигиенски навики, па додаде:

Значи, едноставно е: ако видите дека се валкани, измијте ги. Во спротивно, нема потреба“, а како што рече истиот принцип се однесува на сите други хигиенски навики.

Ештон појасни дека по вежбањето има навика да го измие лицето со вода за да ја отстрани потта, а Мила вели дека го мие лицето двапати дневно.

 

Инаку, Мила и Ештон стапија во брак во 2015-тата година. Во однос на воспитувањето на децата тие се сосема поразлични од другите холивудски двојки.

Тие ги учат децата дека се сиромашни и не ги разгалуваат со скапи подароци. Ги учат дека се сосема „обични деца“ и не ги носат да позираат на црвениот тепих.

 

 

Mila-Kunis-i-Eshton-Kucher-decata-gi-banjame-samo-koga-se-valkani-a-sapun-ne-koristime-07.jpg

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.