Психички силното дете ги поседува овие три особини: Тие се најголемиот родителски успех!

Прочитајте!

Потребата од „спасување“ на детето во ситуации кога и самото може да се избори е навистина бесмислена

Постои цел список на работи што сакаме нашите деца да ги знаат.

Од оние основните како што се миење заби и самостојно облекување, до оние покомплицираните во форма на учење за на училиште без надзор. Меѓутоа, покрај хигиенските и академските вештини, постојат и други важни елементи што не треба да бидат занемарени.

Тие се однесуваат на психичките вештини на вашето дете. Овие вештини се стекнуваат од мали нозе и токму благодарение на нив, децата се пробиваат низ животот. Една од тие е отпорноста.

Па, кои се особините на отпорните деца?

Висок праг на самосвесност

Отпорните деца имаат исклучително висок праг на самосвесност. Тие сфаќаат дека животот е несовршен и дека не може секогаш сè да им оди од рака. Свесни дека нема секогаш да бидат победници, тие не тагуваат поради лошата судбина, ниту се обвинуваат себеси за своите грешки и порази.

Воопшто не е лесно да се научи детето да биде такво. Пристапот треба да биде полн со емоции и поддршка. Кога детето ќе изгуби важен натпревар, важно е да го пофалите неговиот труд и да му дадете мотивација дека нареден пат сигурно ќе биде уште подобро, без оглед на крајниот резултат. Целта е детето да ужива за време на активноста во која учествува, а не да биде задоволно исклучиво со победа.

Усвојување нови знаења преку борба

Секој грижлив родител со задоволство ќе му помогне на своето дете кога ќе види дека нешто тешко му оди од рака. Потребата да се спаси детето во ситуации кога и самото може да се избори е навистина бесмислена. Пораката што тогаш му ја испраќате на детето не е онаа очекуваната „тука сум за тебе“, туку онаа „не мораш ништо, мама ќе направи сè наместо тебе“.

Вам сигурно ви оди многу полесно да се запознавате со други луѓе, меѓутоа, ако тоа го правите вие наместо вашиот тригодишник на детското игралиште, тоа никогаш нема да добие можност да открие дали може да го изведе тоа само. Децата кои доволно пати ќе се охрабрат да пробаат нешто ново, стануваа отпорни и подготвени за животот.

Вештини за решавање проблеми

Кога ќе се најдат пред одреден проблем, децата во повеќето случаи бараат помош од родителите. Сосема во ред е да помогнете, бидејќи затоа сте тука, но не онака како што повеќето родители го прават тоа. Не треба вие да му ги решавате проблемите на вашето дете, туку да му покажете како да ги реши само.

Наместо да плаче и да бара од вас да направите нешто, децата што се отпорни ќе побараат да ги научите како самите да го направат тоа. Тоа ќе потрае, бидејќи учењето е процес, но тоа ќе му овозможи на детето да дојде до решение. Децата се креативни и треба само да им го отклучите умот.

4 работи што детето ги наследува од мајката: Не можете да ги одрекнете овие сличности!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.