Секое утро пијте чаша сок од домати: Промените што ќе ви се случат за еден месец се импресивни!

Моќна напивка

Оваа напивка прави чуда за организмот

Откако ќе дознаете што сè може да излекува една чаша сок од домати, ќе почнете да ја пиете оваа напивка секое утро.

Експертите од Универзитетот во Тајван одлучиле да спроведат еден експеримент.

Собрале жени на различна возраст, со различна тежина и потекло и им дале да пијат по една чаша од 250 мл сок од домати секој ден во период од еден месец.

Најбрзата и највидливата промена била значајно губење килограми, а експертите нагласиле дека не се работи за исфрлени течности, туку само за масни наслаги.

„Испитаните жени не ги менуваа своите навики во исхраната и вежбањето, а веќе по неколку денови, резултатите беа очигледни“, откриваат научниците што го спровеле експериментот.

Исто така, тие на почетокот и на крајот од истражувањето им земале крв на жените.

„Забележано е значително пониско ниво на холестерол, а зголемен ликопен – антиоксиданс од доматот, кој со себе носи еден куп придобивки за здравјето“, велат научниците.

Експериментот покажал дека една чаша сок од домати дневно го зајакнува имунитетот, штити од срцеви болести, но и го намалува ризикот од развој на рак. Освен тоа, оваа освежувачка напивка помага и за проблеми со варењето, го стимулира исфрлањето течности, го чува здравјето и спречува болести на мочниот меур, на панкреасот, црниот дроб и белите дробови.

Сокот од домати е одличен за кожата и тенот, а значително ја намалува и кашлицата, спречува анемија, ги ублажува ревматските симптоми и ја подобрува крвната слика.

Ако сте претерале со вежбање, испијте сок од домати и проблемите ќе исчезнат, а одличен природен лек е и за грчеви во мускулите, бидејќи е вистинска ризница на магнезиум – содржи дури 11 мг на 100 г.

Исто така, доматот содржи и калиум, калциум, растителни протеини, како и јаглехидрати и неопходниот витамин Ц. Затоа, почнете и вие со оваа одлична навика!

Напомена: Ако планирате да користите купечки сок од домати, внимавајте да биде од органско потекло, инаку ефектите нема да бидат целосни.

Вкусен и здрав: Сокот од домати е главен сојузник во борбата со овие 10 здравствени проблеми
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.