Најмоќните имиња од старословенската митологија: Најубавите женски и машки имиња за бебиња!

Прекрасни и моќни значења

Немате идеја кое име да му го дадете на бебето? Побарајте инспирација во старословенската митологија

Ако наскоро очекувате принова, а сè уште не сте нашле име што ви се допаѓа, можеби ќе најдете инспирација во старословенската митологија.

Ви претставуваме прекрасни женски и машки имиња со моќни значења!

Старословенски женски имиња

Бојана – Старословенска божица на победата.

Даница – Во старословенската митологија, Даница е помладата сестра или ќерка на Сонцето. Таа божица на зората и заштитничка на човечкиот сон.

Јелена – Име на најдостојната кралица и божица. Го носеле бројни крунисани жени.

Лела – Старословенска божица на шумата. Во митологијата е опишана преку ликот на дива шумска девојка.

Тихана – Старословенска божица на среќата.

Весна – Старословенска божица на пролетта. Замислена е како девојка со чудесна убавина со цвет во косата која во светот носи живост и радост, во левата рака држи букет цвеќе, а на показалецот од десната рака ѝ стои ластовица.

Старословенски машки имиња

Давор – Старословенски бог на војната. Ова божество наводно имало седум глави, седум мечови на појасот и осми меч во раката.

Дарко – Оној што дарува и несебично дели.

Вид – Изведено е од латинскиот јазик и значи „живот“. Неговиот култ е особено раширен во словенските земји поради што се поврзува со старословенскиот бог на предвидувањето.

Владислав – Словенско име што значи „оној што поседува слава, кој е славен“.

Најтажните имиња: И денес им ги даваме на децата, а не го знаеме нивното вистинско значење!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.