Најтажните имиња: И денес им ги даваме на децата, а не го знаеме нивното вистинско значење!

Дознајте

Пред да се одлучите за име, проверете го неговото значење

Раѓањето на детето е најсреќниот момент во животот на секое семејство. При изборот на име за момчето или девојчето, родителите се водат според традицијата, трендовите или личните афинитети, но има и такви што размислуваат и го проучуваат значењето на имињата пред дефинитивно да одлучат.

Ако спаѓате во последнава група, веројатно би требало да ги одбегнувате следниве имиња, бидејќи тие имаат тажни значење…

Продан/Продана – старо заштитно име што му се давало на она дете кое е „дадено од Бога“ како замена за постаро што настрадало.

Јаглика – ова име им се давало на девојчињата доколку куќата е во жалост, на пример, ако таткото загинал пред раѓањето на детето или мајката не го преживеала породувањето.

Стана/Станка – ова име им се давало на девојчиња, за по роденото дете да престанат да се раѓаат женски деца.

Власие/Влајко – Власие е машко име од грчко потекло кое значи „строг“, „груб“, „тром“.

Мина – многу популарно име што во основа било прекар од имињата Јасмина, Милена, Емина… Основната етимолошка претпоставка е дека името Мина потекнува од старогрчкиот јазик и дека е изведено од машкото лично име Менас или дека потекнува од грчките зборови mens, menas, а значи месечина, ѕвезда, сјај, месец, месечеви мени.

Ненад – името настанало од глаголот „да се надеваш“, со негација, односно „да се изненадиш“. Името најчесто им се дава на децата кои дошле на овој свет „ненадејно“, „одненадеж“, на кои родителите не се надевале или кои не биле сакани.

Велат дека Бог ги чува луѓето што се викаат вака: Дознајте што значат најубавите имиња на овие простори!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.