Тврдење на Зигмунд Фројд: „Залудно ги чувате тајните – предавството испарува од секоја ваша пора!“

Не може да се скрие

Еден од најголемите и најпознатите психоаналитичари имал своја теорија за тајните што ги кријат луѓето

Освен што тоа му било основна должност и позив, Зигмунд Фројд со задоволство се впуштал во теориски објаснувања на религиозните, антрополошките и уметничките појави.

Фројд е еден од најконтроверзните научници и неговите ставови отсекогаш предизвикувале реакции и го делеле мислењето на јавноста. На феминистките и на религиозните луѓе веројатно нема да им се допаднат оние ставови на Фројд што се однесуваат на уверувањата кои тие ги застапуваат и бранат. Без разлика дали ви се чинат претерани и еднострани или не, интересно е да се потсетиме на некои негови размислувања.

„Би можело навистина да се каже дека секој човек постојано врши психичка анализа на своите блиски, па затоа, нив ги познава подобро одошто самиот себе. Меѓутоа, за да се оствари она што го пропагираат зборовите ‘спознај се самиот себеси’, потребно е да се стават под лупа своите навидум случајни постапки и пропусти“, тврдел тој.

Неговото размислување за тоа како луѓето се обидуваат да ги сокријат тајните и колку е тоа, според него, теоретски и практично невозможно, е едно од најинтересните од неговата пракса.

„Оној што има очи да гледа и уши да слуша, може да се увери дека не постои смртник што е способен да скрие тајна. Ако усните му се неми, тој брбори со врвовите на прстите – предавството испарува од секоја негова пора. Поради тоа, задачата да се освести најскриеното нешто во човечката душа, е лесно решлива.“

Сите глупави луѓе ги имаат овие особини по кои веднаш ќе ги препознаете: Фројд ги разоткрил со една реченица!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.