Истражувањата потврдија: Играњето игри не влијае на развојот на агресијата кај децата

Кога и како да ја контролирате оваа активност?

Тим научници од универзитетот „Маси“ спроведоа истражување за тоа колку видео игрите имаат влијание врз менталниот развој на децата. Акцентот беше ставен на „проверување“ на тенденцијата кон насилство, кога експертите дојдоа до негативен одговор.

И покрај бројните сомнежи, се покажа дека овие апликации, сепак, не се одговорни за агресивните тенденции на децата кои поминуваат многу време играјќи видео игри. Дури и кога ќе видите дека тие прават чудни изрази на лицето во текот на играта, внесувајќи се во содржината, не треба да значи дека такво нешто ќе биде оформено во нивната личност и дека тие навистина ќе се соживуваат со опасни и злобни херои од екранот – велат истражувачите во соопштението. Експертите од Нов Зеланд собраа податоци добиени врз основа на 28 студии, во кои беа опфатени вкупно 21,000 деца.

– Овие студии, кои траеја со години, докажаа дека не постои причинско-последична врска помеѓу играње видео игри во детството и развој на агресивна особина во подоцнежниот живот, за што навистина се сомневаше долго време – потврди Арон Драмонд, лидер на истражувањето. Експертите, сепак, тврдат дека ова не треба да биде изговор за трошење премногу време со видео игри, затоа што тоа сигурно не е добро. Апелираат родителите да ги контролираат во оваа активност, навреме да проверуваат до каква содржина пристапуваат, како и колку време „трошат“ на оваа активност секој ден. Затоа е многу важно родителите да се грижат за своите деца и навреме да кажат: „Доста е сега, претера, нема повеќе игри денес“, затоа што самите деца никогаш не знаат кога е доволно – објаснуваат експертите.

Дури и ако го исклучиме сомневањето за стекнување тенденција за насилство, игрите можат да бидат штетни по други основи: оштетување на видот, искривување на ‘рбетот, дебелина, слабост на духот… Многу млади луѓе се мрзливи и незаинтересирани за реалноста и повеќе би сакале да поминат часови во виртуелниот свет отколку дружење со пријателите, читање книги, спортување…

Прочитајте и: Родителите треба да внимаваат: Пред децата најважна е самоконтролата

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.