Експертите ги откриваат тајните на генетиката: Еве што наследува бебето од мајката, а што од таткото!

Дали сте знаеле?

Научниците објаснуваат од што зависи чии гени ќе ги наследите

Гените некогаш знаат да си поиграат. Научниците тврдат дека од бројните генетски предиспозиции зависи како ќе изгледа вашето бебе. Ова се најчестите заблуди и дилеми на родителите…

Момчињата личат на мајката, а девојчињата на таткото

Во народот постои мислење дека момчињата личат на мајката, а девојчињата на таткото. Сепак, науката го потврдува тоа само делумно. Точно е дека момчињата наследуваат еден Х хромозом кој директно влијае врз надворешниот изглед на детето. Кај девојчињата работите се поинакви, тие добиваат по еден хромозом Х и од мајката и од таткото, па подеднакви се шансите на кого ќе личат.

Какви очи ќе има бебето?

Родителите често се прашуваат какви очи ќе има нивното бебе. И тоа исто така зависи од генетските предиспозиции. Поголема е веројатноста дека бебето ќе има сини очи ако и двајцата родители имаат сини очи. Ако еден од родителите има темни или кафени очи, а другиот сини, бебето во повеќето случаи ќе има кафени очи, бидејќи тој ген е подоминантен.

Колку високо ќе биде детето?

Дури и ако родителите се ниски, детето може да ја надрасне нивната висина. Тоа, секако, зависи и од исхраната во детството и од внесувањето калциум и други витамини. Исто така, ако го запишете детето на кошарка или на некој друг спорт, постои поголема веројатност дека детето ќе се развие и дека ќе ја надрасне висината на родителите.

Каква боја на коса ќе има детето?

Бојата на косата зависи од тоа чиј ген ќе преовлада. Ако и мајката и таткото имаат светла коса, и детето ќе има таква боја на коса. Децата од нашите простори генерално имаат посветла коса во детството, а подоцна косата им потемнува. Нијансата на коса што се формира по дванаесеттата година останува доминантна до староста. Од родителите детето ги наследува и формата на косата, кадриците, брановите, локните…

Тие неверојатни гени! Како функционира наследувањето?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.