ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 4 октомври: Ќе ви годи одмор!

Астро-прогноза

Getty Images

Бикот е задоволен, Јарецот е оптимист, Ракот е успешен, Водолијата има проблем со здравјето

ОВЕН

Наместо да одморате, размислувате за проблеми на работа и правите нови професионални планови кои би ги решиле проблемите. Уживате во љубовта и во размената на нежности со партнерот. Ви годи одморот и опуштени сте.

БИК

Задоволни сте од тоа како ви помина претходната недела. Што се однесува до идната недела, планирате да продолжите со исто темпо. Уживате во времето поминато со партнерката. Опуштени сте и постои опасност да претерате со уживањето во храната.

БЛИЗНАЦИ

Се чувствувате успешно и никако да заборавите на проблемите на работа. Партнерот се обидува да ви помогне и да ви укаже дека не сте само вие одговорни за проблемите на работа. Не сте опуштени. Би ви годела физичка активност.

РАК

Задоволни сте од тоа како ви помина минатата недела и сега со голем оптимизам правите нови планови за идната. Доколку сте во брак, уживате во опуштената атмосфера со семејството и со пријателите. Опуштени сте. Здравјето ви е одлично.

ЛАВ

Се фалите пред другите со сето тоа што сте го направиле на работа и со успехот што сте го постигнале. Партнерот е горд на вашиот успех и е прилично посесивен кога сте вие во прашање. Задоволни сте од вашето здравје.

ДЕВИЦА

Имате впечаток дека некои идеи и планови треба да се променат. Ви пречи нестабилната работна ситуација. Емоционално сте задоволни и му посветувате време на партнерот. Само внимавајте што јадете. Подобро е да не пробувате нови или странски јадења, нема да ви годат.

ТЕРЕЗИЈА

Денот го посветувате на сонување и опуштање. На тој начин ѝ дозволувате на инспирацијата да ве обземе. Емоционално сте исполнети и посветени сте на саканата личност. Здравјето ви е солидно, освен што можни се помали проблеми со алергиите.

СКОРПИЈА

Ви треба одмор, но никако да се опуштите. Се измачувате себеси размислувајќи за проблемите на работа. Партнерот се обидува да ве опушти, но вие не му дозволувате. Со физичка активност можете да се ослободите од стресот.

СТРЕЛЕЦ

Презадоволни сте од ситуацијата на работа. Се обидувате да најдете некој недостаток, но сфаќате дека сѐ сте извршиле совршено. Уживате во друштвото на партнерот. Малку сте станале мрзеливи и чувствувате недостиг на кондиција. Тешко ви е да се покренете.

ЈАРЕЦ

Размислувате за промена на работата. Колку што ви е привлечна таа идеја од една страна, толку ви е стресна од друга. Посветени сте на партнерот и со мали гестови му покажувате колку ви значи. Кога станува збор за здравјето, не можете да се опуштите.

ВОДОЛИЈА

Наместо да одмораат, приватниците се загрижени поради лошата финансиска ситуација. Брачниот однос ви е идеален и партнерот ви дава поддршка. Што се однесува до здравјето, притисокот и нервите ви се чувствителни, а проблемите ви се добро познати.

РИБИ

Размислувате како да ја подобрите соработката со странци. Вие сте подготвени за почеток на заедничка соработка, но тие ја кочат. Доколку сте во брак, брачниот партнер е нервозен и склон на караници. Здравјето ви е одлично, но постои опасност да претерате со храната.

4 хороскопски знаци што ќе бидат најмногу погодени од полната месечина во октомври
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.