10 супернамирници што би било добро да ги вклучите во исхраната на вашето дете

За подобро здравје на вашето дете

Без разлика дали вашето дете штотуку почнува да јаде цврста храна или веќе добива помали порции од она со кое вие се храните, јадењето здрава храна уште од млада возраст прави добра основа за остатокот од животот.

Моркови

Морковите се богати со бета-каротин, што го зајакнува видот и им помагаат на очите полесно да се навикнат на пригушена светлина. Тие се исто така полни со витамин А, а на децата на возраст од една до три години им е потребна само една лажица од овој зеленчук за да ја задоволат нивната дневна потреба од овој витамин.

Млеко

За да ги одржите забите и коските здрави, потребен ви е многу калциум. Јогуртот е добар извор на калциум, но млекото е уште подобро затоа што е исто така богато со калциум и не содржи вештачки шеќери. Едногодишно дете треба да пие најмалку 350 милилитри млеко на ден, било да е тоа мајчино млеко, кравјо млеко или формула.

Говедско месо

Црвеното месо е богато со железо и може да се комбинира со други од наведените намирници во голем број на рецепти.

Портокали

Портокалите се добар извор на витамин Ц кој помага во заздравувањето на раните. Најдобро е да му дадете на детето цел портокал наместо неговиот сок кој е полн со овошен шеќер.

Грав

Гравот е исклучително здрава храна. Богат е со растителни влакна кои се добри за здравјето на желудникот и срцето.

Прочитајте и: Грешки што ги прават и најдобрите мајки

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.