Слатко: Одлична идеја како да постапите ако постарото дете сака да влезе во количката на помалото (ФОТО)

Никола Роквиќ ги насмеа до солзи своите следбеници на социјалните мрежи

Фото: svet.rs

Пејачот Никола Роквиќ и манекенката Бојана Баровиќ пред неколку недели на свет го донесоа своето второ дете, синот Симеон. Двојката веќе ја има ќеркичката Леона, која е очигледно воодушевена од помалото братче.

Брачната двојка често излегува надвор, користејќи ги убавите сончеви денови за прошетка со своите наследници. Меѓутоа, како што обично се случува, Леона, која и самата е малечка и има три години, сака да се вози во бебешката количка на своето братче – делумно за да се одмори од прошетката, а делумно затоа што Симеон се вози во неа :-).

Затоа Никола и Бојана најдоа одлично решение, кое го овековечија со фотографија, која, пак, осамна на инстаграм-профилот на пејачот и ги воодушеви неговите следбеници. Што би се рекло – и волкот сит, и овците на број!

Погледнете:

 

 

View this post on Instagram

 

Čik neka neko pridje mom bratu… 🤣

A post shared by Nikola Rokvic (@nikolarokvic) on

Извор: Svet.rs

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.