Брус Вилис се ожени: На венчавката специјална гостинка била неговата поранешна сопруга Деми Мур

Големо и среќно семејство

Фото: Getty Images

Брус Вилис и Ема Хеминг одлучија да ги обноват заветите по 10-годишниот брак и волшебната венчавка на Кариби, во присуство на мошне интересна гостинка.

 

Покрај нивните ќерки, на повторената венчавка присуствувала и бившата сопруга на славниот актер, актерката Деми Мур. Вилис не го криел своето воодушевување, а особена радост му причинувало и присуството на неговите ќерки од бракот со првата сопруга.

Додека двојката и’ приоѓала на невестинската маса, неговите најмлади ќерки Мабел Реј и Евелин Пен го посипувале нивниот пат со латици од ружи, а во заднината се слушал гласот на неговата најстара ќерка Румера, која ја пеела свечената песна. Во присуство на најтесното семејство и само неколку избрани пријатели, двојката се заколнала на вечна љубов.

 


Неговата бивша сопруга Деми Мур на венчавката на Кариби присуствуваше со тогашниот сопруг, актерот Ештон Кучер, а неколку пати во јавноста истакнуваше дека има одличен однос со бившиот сопруг, со кого и понатаму се грижи за нивните три ќерки. Сепак, на оваа венчавка Кучер не присуствувал, бидејќи во 2012 година се разведе со Деми, а потоа се омажи и основа семејство со актерката Мила Кунис.

 

 

View this post on Instagram

 

12 years with this guy. I love him so 🥰

A post shared by Emma Heming Willis (@emmahemingwillis) on

Извор: Стори.рс

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.