Пред два месеца родила ќерка: Славната актерка изјавила дека сè уште не го одредила полот на детето!

Не сака оптоварувања

Таа му купува неутрална облека на детето

Актерката Кејт Хадсон го родила третото дете, девојче, пред два месеца, но признала дека не сака да му го одреди полот и тврди дека тоа само ќе си го одреди кога ќе порасне.

„Тоа што родив девојче не го менува мојот пристап кон целата ситуација, но сакам да ја воспитувам така што нема да мора да се оптоварува со полот. Сè уште не знам како таа ќе се идентификува“, открила актерката и додала дека детето сега за сега се однесува како девојче.

Актерката има и два постари сина, а самата таа пораснала со постари браќа и смета дека децата не треба да се оптоваруваат со разликите меѓу половите.

„Јас некако секогаш сум се пронаоѓала повеќе како момче. Брат ми обожаваше да облекува женска облека, па се менувавме“, рекла Кејт низ смеа и додала дека и нејзините синови треба да размислуваат на ист начин, им купува облека каква што сакаат, а на ќерка ѝ ѝ купува неутрална облека.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.