Нема ни 6 години а веќе станува икона: Ќерката на Ким Кардашијан излегла на насловната страница на многу сериозен магазин

Нова ѕвезда!

5-годишната Норт Вест ја добила првата самостојна насловна страница, како вистински претставник на децата од современата доба

Ќеркичката на Ким Кардашијан и Канје Вест ја краси насловната страница на специјалното издание на магазинот „Woman’s Wear Daily“ под називот „Beauty Inc.“. Како што наведува магазинот, малечката Норт Вест е претставничка на новата генерација со име „Alpha“.

Нејзината горда мајка го споделила овој успех со следбениците на Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/BuMJVCWnrtV/?utm_source=ig_embed

„Моето модерно и прекрасно девојче Норт се појави на насловната страница на магазинот WWD. Таа едноставно ги обожава модата и убавината и ужива да го прави ова“, напишала Ким.

Се чини дека Норт одлично се снаоѓа пред камерите, па така фотографијата од насловната страница добила повеќе од 4 милиони лајкови. Ким додала дека малку ги прилагодила фотографиите на нејзиниот Инстаграм профил, бидејќи мора да внимава на деталите.

„Малку ја променив бојата на насловната страница за Норт подобро да се вклопи на мојот профил“, напишала таа.

Норт веќе има искуство пред камерите: со родителите се фотографирала за списанијата „Interview“ и „Harper‘s Bazaar“, додека првата голема кампања ја имала за модниот бренд „Фенди“. Во септември минатата година, шетала на модната писта за детскиот бренд „L.O.L Surprise“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.