Како изгледала ќерка ѝ на Џеј Ло пред да стане „тие“: Добивала срамни коментари поради ОВА!

Непрепознатлива

Не престанува да се пишува за 14-годишната Ема

Латино-дивата Џенифер Лопез на неодамнешниот настап во Лос Анџелес открила како ѝ се обраќа на ќерка ѝ, што предизвикало лавина поделени коментари.

Имено, додека зборувала за Ема, која ѝ се придружила на сцената на стадионот Доџерс, ја користела родово неутралната заменка „тие“. А потоа се пошегувала:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

„Постојано ги викам да пеат со мене, но тие не сакаат. Затоа, ова е многу посебна пригода. Прилично се зафатени, имаат работа. А и скапи се. Многу ме чини кога тие ќе излезат на сцена“, зборувала таа со насмевка.

Поради однесувањето и начинот на облекување на девојчето, многумина сметаат дека Ема е трансродово лице, а Џенифер досега воопшто нема зборувано на оваа тема. Своите деца ги воспитува по посебни правила.

Меѓутоа, Ема со години се соочува со бројни критики и лоши коментари на сметка на нејзиниот изглед. Постојано ѝ нагласуваат дека не се грижи за себе и дека изгледа многу неуредно иако има само 14 години!

Ќерката на пејачката излегла на бината во „момчешки фазон“ – облекла розова кошула и бермуди, а оваа модна комбинација ја надополнила со црн качкет.

https://www.youtube.com/watch?v=fOQHTEcneMc

Неколку дена подоцна, Џенифер била фотографирана со својата ќерка на снимањето на новиот филм на нејзиниот свршеник Бен Афлек, кој пред неколку месеца ја запроси на бајковит начин. Откако славната двојка ја обновила врската, Бен изградил прекрасен однос со децата на својата свршеничка.

Како се менувала Ема низ годините, погледнете во галеријата подолу…

Од друга  страна, се шушка дека Марк Ентони, со кого Џенифер има деца и за кого се омажила само пет месеца по раскинувањето со Афлек, воопшто не е воодушевен поради нејзината обновена романса со актерот.

Џенифер среде настапот ѝ се обрати на ќерка си со НЕУТРАЛНА ЗАМЕНКА: Долго време се шушка дека Ема сака да стане момче, а сега е ЈАСНО сè
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.