Џенифер среде настапот ѝ се обрати на ќерка си со НЕУТРАЛНА ЗАМЕНКА: Долго време се шушка дека Ема сака да стане момче, а сега е ЈАСНО сè

На децата на славните родители не им е секогаш лесно, а тоа многу добро го знае и четиринаесетгодишната ќерка на Џенифер Лопез.

Имено, Ема, како и многу деца на познатите, уште од мала е посипувана со големо внимание, а поради својот изглед, често им е цел и на медиумите и на фановите на социјалните мрежи.

Често ја навредуваа затоа што не изгледа онака како што мислат дека треба да изгледа ќерката на ултрапопуларна дива, и додека многумина очекуваа дека ќе го следи стилот на славната мајка, сепак, Ема храбро тргна по својот пат, па редовно ја гледаме во детска облека, главно спортска и со поширок крој.

Џенифер откри многу по заедничкиот настап со својата ќерка на хуманитарниот настан на стадионот Доџерс во Лос Анџелес.

Џеј Ло овој пат направи нешто што досега не го направила – кога зборувала за ќерка си ја употребила родовата неутрална заменка „тие“.

Постојано ги повикувам да пеат со мене, но тие не сакаат. Затоа, ова е многу посебна пригода. Тие се многу, многу зафатени. Имаат работа. И тие се скапи. Мене ме чини пари кога тие ќе излезат на сцената. Но тие вредат секој денар, бидејќи тие се мојот омилен дует-партнер досега“, се пошегува Џеј Ло.

Потоа мајката и ќерката ја отпеаја песната на Кристина Пери „Илјада години“.

Фото и видео: Twitter

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.