Оваа жена го пронашла брат ѝ по 54 години трагање, и тоа на необичен начин: Нивната прва средба никого не го остава рамнодушен!

Животна приказна

Биле разделени од мали нозе, но љубовта никогаш не исчезнала меѓу нив

Маурин Годвин била разделена од својот роден брат Брејн уште во детството. Оттогаш ги изгубиле сите контакти, но никогаш не заборавиле еден на друг. Упорно се барале на разни начини и тоа повеќе од половина век. Иако на моменти можеби и губеле надеж, мислејќи дека никогаш повеќе нема да се видат, откажувањето никако не било опција. А по бројните неуспешни обиди, повторно се обединиле!

Иако нивната повторна средба била одложувана поради глобалната пандемија, на нивната среќа ѝ немало крај кога конечно се прегрнале на меѓународното пристаниште Huntsville во Алабама.

„Ох, колку е убаво што те гледам! Како си? Ох, колку долго го чекав ова“, рекол Брејн кога ја здогледал сестра му.

Маурин живее во Северна Алабама од својата 15-та година, додека нејзиниот брат Брејн живеел во Англија. Пред околу три години, Годвин го нашла преку веб-сајтот ancestry.com.

Брејн Ноитон планира да помине пет недели со својата сестра во Северна Алабама, а особено се радува што првпат ќе го прослави Денот на благодарноста со неа. Имаат огромна желба да надоместат сè што пропуштиле години наназад.

Ниту братот ниту сестрата не можеле да ги сокријат емоциите и возбудата поради тоа што се пронашле по 54 години. И двајцата истакнуваат дека живееле за овој момент.

„Ова е прекрасен благослов. Ти благодарам Господе што го пронајдов брат ми“, рекла Маурин.

Погледнете како изгледала нивната емотивна средба во видеото во продолжение…

По 23 години брак, актерот дознал дека СОПРУГАТА всушност му е СЕСТРА: Нивната ОДЛУКА сите ги остави без зборови
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.