Ако сакате да го слушате Дино Мерлин за Нова година, ќе мора да платите 3.000 евра за две особи!

За тие со длабок џеб...

Фото: ПР - bljesak.info

Дино Мерлин за дочекот на Нова година ќе настапува во еден луксузен хотел во Дубровник, а сцената за две лица ќе изнесува скоро 1.000 евра.

Откако на официјалната страница на пејачот беше објавено каде ќе настапува, бројни туристички агенции даваат понуди за овој концерт.

Изминатите години Дино Мерлин имаше јавни настапи за Нова година, додека овојпат ќе биде само за гостите од хотелот.

Заинтересираните за дочекот на 2023 година во хотелот ќе мораат да уплатат минимум две ноќевања, а цената за две лица во стандардна соба изнесува 975 евра.

Најскапиот аранжман подразбира три ноќевања во апартман со тераса и поглед на море и тој изнесува 2.987,50 евра.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.