Каков е животот со млада свекрва која има само 43 години: „Тоа е посебен круг во пеколот!“

Приказни од животот

Млада свекрва која има само 43 години звучи одлично, зар не? Приказната на оваа жена го докажува спротивното…

Прочитајте ја исповедта на оваа жена која има млада свекрва, па проценете сами што е подобро: млада или повозрасна свекрва?

„Имам млада свекрва, Марина. Има само 43 години. Рано се венчала. Имала само 18 години кога се родил мојот сопруг, Раде, а една година подоцна и брат му Адам.

Таа и мојот свекор имале добар брак. Децата растеле во среќно семејство. Марина веднаш по средното училиште завршила курс за сметководство и почнала да работи во мала компанија. Денес е угледна сметководителка во добра компанија.

Кога Раде имал десет години, татко му доживеал страшна сообраќајна несреќа. Марина останала сама со момчињата. Ги научила да бидат одговорни, самостојни, да завршат училиште и да бидат луѓе.

Кога им дошло време за средно училиште, Марина ги испратила во странство на школување. Добиле стипендии и таа не морала да се грижи за нив, барем не финансиски.

Така се запознавме јас и Раде, а набрзо и се венчавме.

И двајцата бевме апсолвенти. Марина одлучи да ни ги плати трошоците за свадбата и медениот месец. Потоа, со неа се слушавме само еднаш месечно за да си размениме основни информации.

Помалиот брат на Раде живее со мајка му, но Марина не го финансира. Таа често вели:

‘Нема да хранам толкав коњ.’

Ние неодамна добивме дете, ќеркичка. Свекрвата ни честита, ни донесе подарок кој вклучуваше пелени, формула за детето, кашички, облека… Нè избакна и исчезна. Таа има свој живот.

Таа за викенд оди на планинарење, вози велосипед, на зима скија, налето е на море… Кога ќе ја замолиме да ја причува внуката, таа вели: ‘И јас моите сама ги чував.’ Кога ќе ја замолиме да ни позајми пари за кирија, вели: ‘Снајдете се сами, ни мене никој не ми помагаше.’

Моите родители се пензионери, едвај сврзуваат крај со крај. Од нив не можам да барам пари, ниту да го чуваат детето, бидејќи се болни.

Додека ние се мачиме, Марина цути. Неодамна ми кажа: ‘Да сакав бебе, ќе се омажев и ќе си родев едно.’

Секако, понекогаш ни дава подароци, но тоа не е доволно.

Неодамна имав силен грип и сопругот со денови ме негуваше. Марина дојде и ја причува внуката неколку дена. Штом виде дека ми е подобро, нè поздрави и ни кажа: ‘Сега продолжете сами!’

Ете таква е мојата свекрва!“

Би сакале ваква свекрва? Што мислите, кој е во право? Младите сопружници кои очекуваат помош во секое време или свекрвата што си го живее својот живот?

Снаата одржала здравица: Кога свекрвата ги чула овие зборови, ја напуштила свадбата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.