Четири генерации на една фотографија: Мајкл Даглас (74) ги воодушевил обожавателите со оваа објава!

Прекрасно!

Не може секој да се пофали со ова богатство!

Славниот американски актер Мајкл Даглас и неговиот подеднакво славен татко Кирк Даглас, не само што имале успешни кариера, туку имаат и среќа да уживаат во мирен семеен живот.

Не само што имаат добро здравје, туку и се благословени со долговечност, која на најстариот член, славниот 102-годишен актер Кирк Даглас, му ја подарила таа среќа да ужива како припадник на дури четири генерации.

https://www.instagram.com/p/BuesVZqg0Bb/?utm_source=ig_embed

Оваа голема среќа, Мајкл Даглас ја споделил со своите обожаватели на социјалните мрежи.

Како што може да се види на фотографијата, тој насмеан позира со својот татко, Кирк (102), синот Камерон (4) и едногодишниот внук Лу.

https://www.instagram.com/p/BuhYj6Cj7j-/?utm_source=ig_embed

Четирите генерации на фамилијата Даглас брзо успеале да ги разнежат обожавателите кои му се воодушевувале на ова прекрасно семејство. Овој пат славниот актер го претставил машкиот дел од семејство, иако на фотографијата недостига 18-годишниот син Дилан на Мајкл што го добил со актерката Кетрин Зета-Џонс.

https://www.instagram.com/p/Bl1DbdCF0D6/?utm_source=ig_embed

Синот Камерон е исто така актер, а Мајкл го добил во бракот со филмската продуцентка Диандра Лукер (63). Тој својот син Лу, четвртиот член на семејството, исто така го добил во хармоничен брак со 41-годишната актерка со која се оженил пред три години.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.