Среќна вест: Познатата пејачка првпат мајка во 41-та година
Долгопосакуваниот дар пристигнува во семејството
Маја Шупут (41) и нејзиниот сопруг Ненад Татаринов го чекаат првото дете. Хрватската пејачка преку социјалните мрежи објави дека е во 15-та недела од бременоста и напиша дека ова е најголемата и најубава вест што ја споделила со јавноста.
Изненадување! Драги мои, не можам да ви ги опишам нашите чувства. Во нашето мало, но преполно со љубов семејство, доаѓа принова како најголем дар и како алка што отсекогаш била посакувана. Се надевам следните 25 недели ќе поминат убаво и лесно“, напиша, меѓу другото, популарната музичарка.
По објавата, Шупут доби многубројни честитки од обожавателите, а ѝ честитаа и колегите, меѓу кои и Северина и Нина Бадриќ.
Фото: Инстаграм