Сара Мејс го покажа трудничкиот стомак… и својот гардеробер (ФОТО)
Весела трудница
На 17 јануари, пејачката и Димитар Атанасовски споделија на Инстаграм дека очекуваат „бебе број 2“. Некој месец подоцна, следуваше и откривање на полот на забавен начин.
Имено, во чекор со светските трендови за откривање на полот на бебето, Сара и Димитар објавија видео на Инстаграм на кое ги гледаме како отвораата кутија со балони.
Сината боја на балоните ни откри дека нивната ќеркичка Илина наскоро ќе добие братче.
View this post on Instagram
Сара ужива во бременоста која не ја спречува во ниту еден проферсионален ангажман. Последно на својот инстаграм – профил пејачката сподели фотографија на која позира пред огледалото во големиот гардеробер во нивниот дом.
Иако е 21 недела во бременоста, пејачката се одлучи за мини-здолниште, краток плетен и тексас јакна, заокружувајќи го изгледот со високи потпетици.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм