Овие хороскопски знаци на пролет ќе ја пронајдат својата сродна душа!

Поволен период за љубов и романтични средби

Благодарение на поволната положба на Јупитер, цела 2022 година има изгледи да биде полна со романтика, искри од љубов и убави чувства.

Вага, Водолија, Близнаци – воздушните знаци ќе треба да вклучат посериозен пристап во љубовта и односите. Лесните „ветрови“ што ве водат кога станува збор за флерт или ураган страст, ќе ви бидат само отежнување, така што подобро размислете, анализирајте и пресметајте што е најдобро за вас, за до крајот на годината да не останете со скршено срце и сметка од аптека со апчиња за смирување.

Риби, Ракови, Скорпии – ќе доживеете вистински процут во љубовните односи. Време е да ја затворите вратата на старите врски и нерешените односи. Пробајте си ја среќата во нов социјален круг, наоружани со вашиот шарм. Ве очекуваат пријатни познанства.

Лав, Овен, Стрелец – вашето време е од април до септември. Кога на другите знаци од зодијакот ќе им почнат летните одмори, вие ќе заблескате.

Девица, Јарец, Бик – помалку калкулирајте, повеќе опуштете се и уживајте.

Сепак, три знаци оваа пролет ќе имаат навистина добри аспекти за љубовни искри.

Рак

Оние кои долго трагаа, ќе ја дочекаат својата судбина оваа пролет. Новите љубовни врски се со силен интензитет и можност за развој. Раковите кои едвај чекаат патување – нека се спакуваат и нека тргнат. Таму каде има природа и вода, има и емотивно поврзување. Одете сами, но и со потенцијалниот партнер – ќе се случат чуда.

Раковите кои се во сериозни врски, ќе имаат тековни проблеми, но доколку сакате да ги надминете, направете заедничка вечера со семејни пријатели кои ви годат. Компромисот и промената на енергијата ќе ви помогнат да ги согледате работите на поинаков начин.

Девица

Пролетта е најдобро време за Девиците. Им се „врти“ во глава од љубов, романса и нови средби. Многу Девици ќе имаат и отворени опции за проширување на семејството од април.

Освен тоа, за Девиците најдобра област во која можат да склопат нови познанства се природата и спортските активности. Во март и април имате шанса да го запознаете човекот на вашиот живот, и уште во мај да планирате заеднички излет. Утринското џогирање во парк или јогата за викенд не се само здраво тело- здрав дух. Тие се активности кои ви носат и луѓе во животот.

Скорпија

Скорпиите на пролет најмногу можат да се промовираат како луѓе кои сакаат социјални настани и да го развијат својот личен живот. Вниманието од спротивниот пол ќе им биде гарантирано, само доколку расчистат со претходната врска. Нема потреба да одите по стариот пат, одново. Секое место каде што имате шанса за адреналин, може да ви биде место за љубов. Екстремноста и желбата за возбуда, ве прават интересни и го разбудуваат оганот во вас. Посветете се на таа страна од себеси.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.