Најмладата мајка на светот имала само 5 години кога родила здрав син: Живее во Перу, а тајната ја нема откриено веќе 8 децении

Неверојатно

Нејзиниот случај се проучува и денес

Во селото Тикрапо на Андите, во сиромашно семејство на земјоделци, во 1933 година била родена Лина Медина, најмладата мајка на светот во историјата на човештвото. А нејзиниот случај се проучува и денес во сите медицински школи. Имено, нејзиниот живот на почетокот воопшто не се разликувал од животот на илјадниците нејзини врсници кои растеле во рурално Перу во тоа време.

Меѓутоа, кога Медина имала пет години, сè се променило! Нејзината мајка забележала дека стомакот на ќерка ѝ необично пораснал, а ќерка ѝ се жалела на болки во пределот на абдоменот.

Загрижените родители ја одвеле Лина во локалната болница за да ја прегледаат доктори. Најпрво, докторите биле убедени дека девојчето има тумор, но по направените тестови поставиле неверојатна дијагноза – Лина Медина била во седмиот месец од бременоста!

Само еден месец подоцна, на 14 мај 1939 година, девојчето со царски рез родило момче. Имала 5 години и 7 месеци, а карлицата ѝ била премногу мала за да може да се породи на кој било друг начин.

Синот на Медина бил здраво бебе тешко 2,7 килограми. Девојчето му го дало името Херардо, во чест на Херардо Лозадо, посветениот доктор кој бил покрај неа за време на тоа неверојатно искуство.

За време на царскиот рез, докторот открил дека Лина имала комплетно развиени и зрели сексуални органи. Девојчето страдало од ретко заболување на предвремен пубертет, кое било и останало невидено нешто во светот до ден денес.

https://www.youtube.com/watch?v=9FzNJs2J8S4

Својата прва менструација Медина ја добила кога имала само три години. Таткото на девојчето бил уапсен за сексуално злоупотребување и инцест и бил уапсен. Меѓутоа, не биле откриени никакви докази и набрзо бил ослободен.

До денес, околностите што довеле до бременоста на Лина Медина не се разјаснети, а непознато е и името на таткото. Девојчето никогаш не сакало да зборува за тоа. Акушерот Хосе Сендовал во 2002 година објавил книга за случајот на Лина Медима, во која навел дека таа била сосема нормално дете од психолошки аспект.

Всушност, Медина повеќе сакала да си игра со кукли отколку со својот син. Херардо пораснал со верувањето дека Медина му е сестра. Кога имал 10 години, ја открил вистината. Покрај необичните околности на породувањето, станувало збор за потполно нормално и здраво дете. Живеел обичен живот и починал во 1979 година кога имал 40 години, поради заболување на коскената срж.

Медина подоцна се омажила за Раул Хурадо и во 1972 година добила уште еден син. И денес живее со сопругот во сиромашниот крај на Перу со име „Мал Чикаго“. Ги одбива сите интервјуа и не сака да ја раскажува својата необична животна приказна.

https://www.youtube.com/watch?v=L-RNp6vCnjw

„Го молев господ да добијам менструација“: Останала бремена на 13 години, она што ѝ го кажала мајка ѝ ќе го памети додека е жива!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.