Соговорникот ја навреди Јована Јоксимовиќ во емисија: „Вие сте убава жена, но ова ниту за вас не е тешко“! (ВИДЕО)

Водителката остана шокирана...

„Убава жена сте, но ова ниту за вас не е толку тешко“ – оваа реченица е упатена на уредничката и водителка Јована Јоксимовиќ во нејзината емисија на „ТВ К1“, а дошла од устата на нејзиниот гостин во програмата во живо.

Имено, Јована со своите соговорници разговарала за актуелните друштвено-политички теми. Еден од гостите во еден момент за да ги објасни актуелните случувања околу глобалната економска криза, започнал да зборува за периодот од пред десетиан години, а Јоксимовиќ го замолила да не се враќа во историјата, бидејќи немаат толку време на располагање.

Потоа следле навредлив коментар, кој во „превод“ би гласел: не си ти премногу интелегентна за да сфатиш за што зборувам, но ова што ќе го кажам и за тебе е лесно“…

„Јована, вие сте убава жена, но ова ниту за вас не е толку тешко“ – рекол тој, сакајќи да продожи со своето излагање.

„Што кажавте сега?“ – го прашала водителката, додека другиот гостин во неверување само гледаше што се случува.

„Вие сте безобразен. Преку ова не можам да поминам. Знаете колку е одвратно ова што го кажавте. Мене ова никогаш не ми се случило“ – додала Јована.

Погледнете:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by K1 Televizija (@k1televizija)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.