Меган сакала да се породи дома, но бебето имало други планови: Се’ што не сте знаеле за раѓањето на кралското бебе!

Конечно!

ФОТО: Profimedia

Принц Хари вчера излегол пред новинарите и го соопштил ова

Меган сакала да се породи дома, но итно ја префрлиле во болница, најверојатно во Портланд, за да се породи сигурно и безбедно.

Покрај неа бил принц Хари, кој возбудено го дочекал синот. Бебето е родено на 6 мај во 5.26 часот, а тешко е 3,300 килограми.

Меган на 5 мај била префрлена во болница каде породувањето чини најмалку 17.000 евра. Во таа болница се родени принцезите Беатрис и Јуџин.

Меган одлучно одбила да се појави со бебето веднаш по породувањето, како што го правела тоа Кејт Мидлтон.

https://www.instagram.com/p/BxH36irhwcO/?utm_source=ig_embed

Хари и Меган ќе го претстават бебето во јавност кога ќе бидат подготвени за тоа, според официјалното известување од Бакингемската палата.

Меѓутоа, вчера принц Хари излегол пред новинарите и возбудено ја објавил веста за раѓањето на неговиот син.

https://www.instagram.com/p/BxIKMKWBUgo/?utm_source=ig_embed

Иако Меган (37) сакала да се породи во приватноста на својот дом, опкружена со мајка и’ и пријателките, сепак, итно била префрлена во болница каде се породила. Експертите го предвиделе ова сценарио, со оглед на тоа што Меган е повозрасна прворотка.

Името на бебето се’ уште не е откриено, а се претпоставува дека ќе добие едно од следниве имиња: Артур, Џејмс, Александар, Филип или Хенри.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.