Кои се шансите да останете бремени по триесеттата и како да ја зголемите плодноста

Што велат експертите?

Не постои едноставна и лесна формула за забременување. Додека некои луѓе успеваат од првиот пат, некои парови се борат додека да ја постигнат својата цел.

Она што интересира многу млади е времето потребно за да останат бремени. Тоа време, се разбира, варира од личност до личност, но еден од најголемите фактори во ова е дефинитивно возраста на лицето. Одговорот за времето потребно за зачнување го даде д-р Ели Рејнер.

Кое е просечното време потребно за зачнување?

Просечното време за зачнување кај здрави (плодни) партнери е околу една година секс без заштита. Ова се однесува на жени на возраст под 40 години, а бројките изгледаат повеќе вака:

  • Секој трет пар, или 33% од паровите, успева во првиот месец
  • Осум од десет парови, или 80% од нив, успеваат во првата година
  • 90% од паровите успеваат да забременат во првите две години
  • 75% од паровите успеваат преку медицинско потпомогнато оплодување во првата година

Дали возраста навистина влијае на плодноста?

Едноставното објаснување е дека зголемувањето на бројот на години ги намалува шансите за бременост. Шансите да забремените во одреден период од животот се како што следува:

  • 19-26 години: 92% шанси за бременост во првата година и 98% во втората година
  • 27-29 години: 87% шанси за бременост во првата година и 95% во втората година
  • 30-34 години: 86% шанси за бременост во првата година и 94% во втората година
  • 35-39 години: 82% шанси за бременост во првата година и 90% во втората година

Кога да побарате помош и како да ја зголемите можноста за зачнување?

Треба да побарате помош ако сте под 35 години и ако имате редовен секс без заштита една година. Ако се обидувате да забремените, постојат многу начини на кои можете позитивно да влијаете на плодноста. Меѓу другото, ги зголемувате вашите шанси за бременост со здрави навики како што се вежбање, здрава исхрана, непушење и слично.

Прочитајте и: Што би требало да знаете за бременоста во 40-тите години од животот

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.