„Ќе носам дете во истата матка во којашто се развивав и јас“: Мајка ѝ донирала орган на ќерка ѝ и ѝ овозможила да забремени!

Историски момент

По првото породување Кристи имала големи здравствени проблеми, поради кои морале да ѝ ја отстранат матката. Токму нејзината мајка ѝ предложила да ѝ ја донира својата и така станале феномен во Австралија

Кристи Брајант (29) од Австралија, првпат се породила во 2021 година и донела здраво дете на свет, по што се случиле компликации. Поради обилното крвавење, ѝ била отстранета матката со итна постапка на хистеректомија. Тоа било голем удар за оваа млада девојка која отсекогаш сонувала да има многу деца.

Меѓутоа, на почетокот од ова година, таа била дел од историски момент – На 10 јануари, експертите од Кралската болница за жени во Сиднеј ѝ ја трансплантирале матката на нејзината мајка. А токму мајка ѝ се сетила на таа идеја.

„Кога првпат ми го спомна тоа, ѝ кажав: ‘Извини, те молам, дали си сериозна?’. Беше и тоа како сериозна. Ќе носам дете во истата матка во којашто се развивав и јас“, рекла младата мајка и споменала дека тоа било првата трансплантација на матка направена во Австралија.

Идејата не ѝ излегувала од глава, бидејќи желбата да има уште деца била огромна.

„Откако ја предложи трансплантацијата на матка, некако не ми излегуваше таа идеја од глава. Знаев дека тоа е единствената опција ако сакам да родам уште едно дете. Тој подарок што ми го даде мајка ми е неверојатно великодушен, таа, всушност, е причината поради која и посакав да станам мајка“, признала Кристи.

Целата постапка во Кралската болница за жени ја водела гинекологот доктор Ребека Динс, која појаснила како се разликува овој облик на трансплантација на орган од другите.

„Поинаква е од другите видови трансплантација на органи, бидејќи тоа е привремена трансплантација што обично трае околу 5 години, што е доволно време за да им се овозможи на жените да имаат деца. Органот се дава привремено, поради имуносупресивните лекови што мора да ги зема пациентот“, појаснила докторката.

Како дете родило дете: Само 13 години е постара од синот, а нејзиното породување поминало неверојатно!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.