Сопругот на љубовницата на Душко Тошиќ реши да прозбори: За се сум јас виновен! (ФОТО)

Искрено...

Фото: Hello.rs

Српскиот пејач Пеѓа Јовановиќ успешно се занимава со музика долго низ годините, а неговото име никогаш не било доведено во врска со било какви скандали.

Меѓутоа, пред неколку години, кога јавноста бруела за разводот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, поранешната сопруга на Пеѓа, со која има три деца, ја означиле како љубовница на познатиот фудбалер.

Иако долго молчел на темата, пејачот неодамна во една емисија ја отворил душатаи раскажал како дошло до крај на љубовта за која верувал дека ќе биде за цел живот.

„За приватниот живот не сакам да зборувам многу, но што се однесува за емотивниот план, можам да кажам дека сум среќен“ – рекол пејачот и открил дека е во контакт со поранешната сопруга.

„Секојдневно се слушам со Ана. Таа е сјајна личност. Во целата наша приказна за разводот сум виновен јас. Во периодот кога тотално го изгубив компасот и претерував, а тоа не можеше да го поднесе тоа. Никој и не треба да трпи тоа. Причината зошто се разведовме е за тоа што јас бев неподнослив“- рекол пејачот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.