4 намирници што го креваат холестеролот до небо – и 5 намирници што успешно ги прочистуваат крвните садови

Добро е да се знае

Холестеролот може да биде погубен ако не се стави навреме под контрола

Премногу холестерол во крвта може да доведе до срцев или мозочен удар, па затоа мора редовно да се контролира овој параметар во крвта.

Доколку имате проблеми со висок холестерол во крвта, прошетката и здравата храна се задолжителни. Но треба да знаете кои намирници се најопасни.

Ова се четирите намирници што можат да го подигнат холестеролот до небо:

1. Крем-сирење

Околу 30 грама крем-сирење содржат 100 калории, а речиси 90 отсто од калориите во крем-сирењето потекнуваат од масти, од кои повеќето се заситени. Овие нездрави маснотии се штетни за срцето, бидејќи го зголемува липопротеинот со ниска густина – ЛДЛ или лошиот холестерол што ги затнува артериите.

2. Путер

Проблемот е што само една лажица путер содржи 31 г холестерол и многу заситени масти, што не само го качуваат нивото на лошиот холестерол, туку и ја снижуваат количината на добриот холестерол.

3. Сладолед

Порција од само 85 г може да содржи дури 45 мг холестерол.

4. Месо од патка

Месото од патка е добар извор на протеини, нијацин, фосфор, рибофлавин, железо, цинк, витамин Б-6 и тијамин… но содржи високо ниво на холестерол, особено ако се јаде со кожичката. Порцијата од 85 г зготвено месо од патка со кожа содржи 70 мг холестерол, што е околу 25 отсто од препорачаната доза од 300 мг холестерол дневно за здрав возрасен човек.

Од друга страна, постојат дури пет намирници што успешно ги прочистуваат крвните садови:

1. Морски алги

Полни се со минерали, протеини, каротеноид и антиоксиданси. Тоа е сè што му треба на нашиот организам за да се одржи добрата функција на целото тело. Алгите помагаат во снижувањето на крвниот притисок и прочистувањето на крвните садови.

2. Сина риба: туна или лосос

Маснотиите од сината риба содржат аминокиселини со неверојатно корисни својства. Станува збор за омега-3 масните киселини што помагаат при балансирање на нивоата на холестерол и триглицериди во крвта.

3. Овесна каша

Овесната каша за појадок ќе ви ја даде потребната енергија за да останете сити до ручек. Таа го забрзува и нормализира метаболизмот, а покрај тоа, содржи влакна што ја намалуваат моќта на холестеролот да се залепи за ѕидовите на артериите.

4. Соја

Изофлавоните, кои се дел од нејзиниот нутритивен состав, значајно го намалуваат холестеролот во крвта и триглицеридите.

5. Домат

Ако сакате здраво срце, јадете домати, кога им е сезона. Овој производ е богат со ликопен, силен антиоксиданс. Најдоброто нешто поврзано со доматот е неговата сестраност: можете да го јадете како салата, во супа или чорба, но и потпечен во рерна со пиперка и модар патлиџан.

Никој не го забележува главниот симптом на екстремно висок холестерол: Првиот знак дека вашето тело има сериозен проблем!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.