Никој не го забележува главниот симптом на екстремно висок холестерол: Првиот знак дека вашето тело има сериозен проблем!

Прочитајте

Добро е да знаете

Високиот холестерол стана една од најчестите болести на современиот свет. Холестеролот што не може да се открие навреме може сериозно да го загрози здравјето. Но кои се тие симптоми што укажуваат на екстремно висок холестерол?

Доктор Лаура Пурди открила на кој важен симптом на висок холестерол треба да се обрне внимание.

Доктор Пурди вели дека „холестеролот е вид на масни молекули што циркулираат во крвотокот.“

Обично доаѓа до разградба на масните молекули во процесот на варење, но некои луѓе може да имаат генетски или други состојби што доведуваат до тоа телото да задржува поголемо количество на холестерол во крвните садови од просечното.

Таа објаснила и дека постојат неколку различни видови на холестерол, а често се зборува за добар холестерол или лош холестерол.

„Добриот холестерол е уште еден израз за ХДЛ, што е кратенка за липопротеин со висока густина. Овој посебен вид на холестерол помага во отстранувањето на другите штетни видови холестерол од телото. ЛДЛ е кратенка за липопротеин со ниска густина и тоа е вид на лош холестерол што би требало да се контролира за да се спречи ризикот од кардиоваскуларни болести“, објаснува докторката.

Овој вид на холестерол може да придонесе за појава на плак во артериите во нашето тело, кој може да предизвика срцев и мозочен удар. Затоа, важно е да ја разбереме разликата помеѓу тие два типа на холестерол, особено кога станува збор за долгорочното здравје.

Холестеролски тумори на кожата

„Некои луѓе што имаат висок холестерол ќе развијат ксантоми, наслаги или мали тумори на холестерол што можат да бидат видливи на одредени делови од телото“, вели доктор Пурди.

Таа додава и дека тие изгледаат како мали, восочни, жолтеникави испакнатини и многу често се гледаат под очите, но не се појавуваат насекаде по телото. Ксантомите се физичка манифестација на висок холестерол и луѓето што ги имаат овие видови мали тумори на кожата би требало да направат анализа на крвта.

Дебелина

Доктор Пурди вели дека дебелината е многу стресна за телото и предизвикува неколку медицински состојби, вклучувајќи и висок холестерол.

„Кај луѓето што имаат прекумерна телесна тежина постои многу поголем процент на покачен холестерол во споредба со луѓето што немаат вишок килограми. Тоа е така дури и кај децата и адолесцентите, не само кај возрасните. Од таа причина, се препорачува возрасните, тинејџерите и децата со прекумерна телесна тежина или со превисок индекс на телесната маса, да направат анализи во склопот на годишниот систематски преглед за да го утврдат нивото на холестерол“, додава таа.

Тест што открива покачен холестерол: Само притиснете ја оваа точка!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.