Излегло видео од приватната прослава на Меган Маркл во Њујорк: На пријателките им го открила полот на бебето, кралицата е бесна!

Приватно видео!

Никој не е сигурен кој точно го снимил ова видео, но на снимката се гледа локацијата – Марк Хотел, токму местото каде што се одржало дарувањето на бебето

До неодамна, прославата за бебето на Меган Маркл била тајна за сите кои не биле поканети, меѓутоа на социјалните мрежи се појавило приватно видео кое открива како изгледала внатрешноста на хотелот во кој се одржала забавата за дарување на бебето, а која ја организирала Серена Вилијамс.

За видеото кое покажува совршена, но прескапа декорација на масата, се тврди дека настанало на приватната забава, што не било потврдено сè до моментот кога колачите на фотографијата биле споредени со сликата од колачите што на денот на прославата ги објавил шминкерот и добриот пријател на Меган Маркл, Дениел Мартин.

https://www.instagram.com/p/BuIW-6LhujT/?utm_source=ig_embed

Под фотографијата, Дениел напишал „Колку прекрасен ден, го славиме бебето“. Колачињата во форма на штрк, тропалки и оние на кои пишува „бебе“ може да се видат и на видеото што излегло, а на тортата се гледаат и фигури од Меган и принц Хари.

Никој не е сигурен кој точно го снимил ова видео, но на видеото се гледа и локацијата – Марк Хотел, токму местото каде што се одржало дарувањето на бебето.

https://www.instagram.com/p/BuTcmN3HD2D/?utm_source=ig_embed

Како што се гледа, во декорацијата преовладува розовата боја, како мала ознака на видеото на кое пишува „girl“, односно девојче, така што јасно е дека војвотката им го открила полот на бебето на пријателите.

Она што исто така открива дека бебето е девојче се подароците што папараците успеале да ги фотографираат. Сите се украсени со розови панделки! Но и розите кои стигнале во хотелот пред забавата.

Целото ова ненадејно патување во Њујорк ја чинело Меган околу 503.000 долари, а само едниот ден што го преседела во апартманот и забавата што ја приредила чинеле околу 75.000 долари. Ова е најскапата хотелска соба во Њујорк. Погледнете како изгледа однатре…

Овој факт многу ги изнервирал Британците, кои веќе ја нарекуваат Меган „малата Марија Антоанета“, а анонимни извори тврдат дека сето ова многу ја разлутило кралицата која смета дека Меган се фали со своето новостекнато богатство.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.