Единствената што го покажала изгледот пред и по Оскарите: Џенифер Лопез објавила видео и покажала дека нема комплекси!

Ретко кој би имал храброст да го направи истото!

Латино дивата Џенифер Лопез се пресоблекла два пати на доделувањето Оскари

На церемонијата за доделување Оскари носела сребрен фустан од стакленца, а на забавата што ја организирал магазинот Венити Фер, облекла син фустан.

Овие изданија биле навистина совршени за 49-годишната пејачка, која била во друштво на својот дечко Алекс Родригез.

Џеј Ло на својот профил на Инстаграм објавила видео во кое ја покажала целата постапка за подготвување за овој голем настан.

На видеото се гледа како од жена без ронка шминка се стигнува до вамп дива, со професионална шминка, средена фризура и елегантна тоалета.

Многумина се воодушевиле што оваа позната дама нема проблем да го покаже своето лице без ронка шминка.

https://www.instagram.com/p/BuTi-gMgExK/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.