Добиле бебе со вонтелесно оплодување, а потоа ја дознале страшната вистина: Ова е вистински кошмар!

Неверојатна приказна

Кога Александар Кардинале ја видел својата ќерка на денот на нејзиното раѓање во септември во 2019, знаел дека нешто не е во ред. Бебето имало потемна кожа и потемна коса, а тоа било причина за сомнеж кој се покажал како оправдан

Александар и Дафна Кардинале веќе биле горди родители на девојче. Но кога тоа им побарало брат или сестра, одлучиле да направат вонтелесно оплодување на клиника што им ја препорачал пријател.

По вториот обид, Дафна забременила и родила девојче. Сето тоа било прекрасно, освен што Александар се сомневал дека бебето не е нивно.

Со месеци го коментирал изгледот на бебето. А потоа, со цел да ги ублажи стравовите на сопругот, Дафна нарачала ДНК-тест.

Кога ги добиле резултатите, бебето тогаш имало два месеца, биле шокирани!

Ниту еден родител не бил во сродство со детето.

„Клиниката за плодност ѝ дала на Дафна ембрион што им припаѓал на… странци!“, рекол нивниот адвокат Алекс Волф.

Со други зборови, Дафна Кардинале, на некој начин, била неволен и несвесен сурогат за бебе на друга двојка.

Двојката веднаш почнала да се прашува што се случило со нивниот ембрион. Како што излегло, тој бил кај друга жена.

„Тие направиле замена на децата“, рекол Волф за клиниката.

Другото семејство им испратило фотографија од бебето што го добиле – тоа имало светла кожа и руса коса.

„Ја погледнав и бев свесна дека едноставно не ја познавам, дека воопшто не ја познавам“, рекла Дафна Кардинале низ солзи.

„Се сеќавам дека си помислив: ’Не те познавам’, што е ужасно да го размислуваш за сопствената ќерка“, додала мајката.

На почетокот, речиси секој ден се среќавале со другото семејство кое живеело во близина. Сепак, на крајот на сите им било претешко, па одлучиле дека децата треба да бидат со своите биолошки родители.

https://twitter.com/globalextra/status/1458114874245099522?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1458114874245099522%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fporodica%2Fvase-dete-vi%2F164277%2Fdobili-su-bebu-vantelesnom-oplodnjom-a-onda-su-saznali-strasnu

Иако било возбудливо што конечно ја вратила својата биолошка ќерка дома, Дафна била скршена што го изгубила бебето за кое се грижела од првиот ден.

„Губев бебе истовремено додека добивав бебе. Тоа навистина е невозможен кошмар“, рекла таа.

Неколку месеци подоцна, двете семејства морале да разработат комплицирана семејна динамика и обично се гледаат два пати месечно.

Двојката поднела тужба против клиниката каде што го направиле вонтелесното оплодување.

Запознајте ги сестрите близначки родени од две матки и со 8 недели разлика меѓу нив: Тие се вистинско светско чудо! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.